Рецептот е народен и се користи за обични сезонски вирози или настинки.

Ако ви се случи навистина да бидете многу настинати и со температура, а мора да станете зошто пред вас е тежок работен ден во кој мора да бидете активни, прибрани и енергични, тогаш овој напиток тотално ќе ве подигне на нозе и ќе ве држи на снага сигурно 12 часа. – Ина.

Потребни состојки:

200 мл вода
3 лажички шеќер
1/3 лажичка црн пипер во прав
Кафе (по избор)

Постапка:

Сварете црно кафе по можност кофеинско. Можете да користите црно турско кафе, инстант, нескафе, во зависност од тоа какво си пиете.

Бидејќи за оваа намена е добро да испиете количина од 200 мл кафе, можеби инстантот е најдобар избор.

Во кафето мора да ставите шеќер, најмалку три лажички. Каков шеќер ќе изберете (бел или кафеав) тоа е ваш избор, но не смеете да користите вештачки засладувачки, бидејќи потребна е глукозата во овој случај.

Потоа додадете 1/3 лажичка црн пипер (бибер), а ако можете да поднесете полуто, додадете уште малку – ефектот ќе биде уште побрз.

Идеално е ако имате фин црн пипер во зрно кој ќе го згмечите во аван или тазе ќе го сомелите, но и обичниот мелен пипер во кесичка, исто така ќе помогне.

Кафето испијте го додека е жешко, најефикасно е ако релативно во краток период го потсркнувате.

Напомена: секако, ако не пиете кафе поради висок крвен притисок или не консумирате шеќер – овој рецепт не е за вас.

Мене ова ме подига и ми дава енергија, а ако се сетам навремено да го применам, следниот ден не ми е ништо.