Овој домашен напиток гарантирано ќе ја исфрли целата слуз која се наталожила како вишок во вашиот организам.

Првите есенски денови и променливото време ни носат многу бактериски и вирусни инфекции, што резултира со кашлање и кивање поради натрупување на слузта. Овие симптоми можеме да ги ублажиме со домашниот напиток кој е многу лековит.

Потребни состојки:

1 лимон
1-2 см корен од рен
2 лажици мед
3 чаши вода

Постапка:

Измијте го и исчистете го ренот и лимонот. Лимонот исечете го на 4 делови, па сомелете го во блендер, а птооа додадете го и ренот. Кога убаво ќе ги иситнете состојките, додадете топла вода и мед.

Блендирајте околу 20 секунди за да се изедначи и промеша смесата. Половина чаша веднаш испијте додека сè уште е топол напитокот.

Остатокот складирајте го во термос и пијте го во текот на денот на рамномерно распоредено растојание.

Овој напиток има најголем ефект наутро. После кафето или чајот испијте половина чаша, а после појадокот испијте го остатокот.

Препораката е да се пие овој напиток секој втор ден во текот на еден месец.

Напомена: Доколку вашиот организам не поднесува лимон или рен, не го консумирајте овој напиток.