Потребни состојки:

1 краставица

4 лимони

10 ливчиња нане/ мента

3-4 см ѓумбир

2 литри вода

Постапка:

Земете еден лимон и исечкајте го на тркалца. Користете остар нож за да бидат потенки парчињата без да ви се одлее многу од сокот. Отстранете ги семките.

Потоа истото направете го со краставицата-исечете ја на тенки тркалца.

3-4 см излупен корен од ѓумбир исечкате го на тенки листови.

Од свежо гранче нане искинете ги листовите.

Од трите лимони исцедете го сокот, семките отстранете ги.

Сите состојки ставете ги во поголем бокал со водата и промешајте.

Ставете во фрижидер да излади најмалку 6 часа. Потоа извадете го да отстои на собна темпетарура и пијте го во текот на целиот ден.