Денес, имаме експерти за се’ и сешто на секој чекор, па така експертот за манири е најмалку чудната работа за која сме слушнале. А еден од тие експерти е Вилијем Хенсон кој одлучил да објасни кои предмети во вашиот стан откриваат дека всушност сте сиромашни. Вие не мора да се сложите со неговите ставови. Еве што вели тој:
-Повеќето луѓе мислат дека сатенската постелнина, особено црната, е врв на луксозот, а всушност е врв на невкусот. Постелнината треба да биде квалитетна, од памук, лен или мешавина од двете. Свилата и сатенот се за простаци и умислени плејбои – вели Хенсот.
Списокот го започнува со сатенската постелнина и продолжува понатаму:
ПЛИШАНИ МЕЧИЊА
Си мислите дека е слатко што и натаму ги чувате своите успомени во вид на плишани животни? Хенсон не се сложува, а врв на невкусот е кога некое од овие животинчиња во шепите држи срце, свеќе или љубовни изјави.
https://www.instagram.com/p/BaHdvXWFrbY/?utm_source=ig_embed
ГОЛЕМИ ОДГЛЕДАЛА
Огромните огледала на невообичаени места се вулгарни. Тие вриштат дека сте нарцис, и не само тоа. Се’ уште не родена таква особа која поставила огледала на плафонот од спалната соба, а која навистина изгледа така добро како што мисли дека изгледа. Всушност, колку е поголемо огледалото, толку особата е погрда – тврди овој експерт.
https://www.instagram.com/p/BaI2VEAgUwb/?utm_source=ig_embed
МЕБЕЛ ОД СТАКЛО
Сега веќе е јасно дека Хенсон има голем проблем со рефлектирачки површини, а еве што вели по овој повод:
-Одржувањето на таков мебел е такво гњавење што за тоа не вреди ниту да се размислува, а камоли да се купи. Всушност, таквиот намештај е резервиран само за пониската класа. Само храст или махагони – советува експертот.
https://www.instagram.com/p/BaJ_rsGhWLd/?utm_source=ig_embed
КУП ПЕРНИЦИ
-Очигледно себеси сте си дозволиле летување во Дубаи па сте полни со впечатоци. Да скаратам, колку повеќе перничиња имате, толку сте победни – заклучува овој експерт на крајот.
https://www.instagram.com/p/BaKCj-QF7bk/?utm_source=ig_embed