ОВИЕ ПРЕКРАСНИ И ВКУСНИ ПРИНЦЕС КРОФНИ МОЖЕТЕ ДА ГИ НАПРАВИТЕ ЗА ПОМАЛКУ ОД ПОЛОВИНА ЧАС. Секој може да ги направи и да се слади во нивниот одличен вку! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
250 мл вода
125 грама маргарин или путер
150 грама остро брашно
1 кесичка прашок за печиво (12-13 грама)
2 лажички шеќер
4 јајца
шеќер во прав за посипување

За фил:
500 мл млеко
1 кесичка пудинг од ванила
2 лажички екстракт од ванила
3 јајца
6 лажици шеќер
4 лажици скроб/нишесте/густин
100 грама путер

ПОСТАПКА:

Водата, маргаринот и шеќерот стевете ги да зовријат, се меша брашното со прашокот за печиво и одеднаш сипете го во врелата течност. намалете го огнот и мешајте додека тестото стане компактно и почне да се одвојува од ѕидовите на садот.

Тестото претурете го во друг сад, малку развлечете го низ дното и ѕидовите за побрзо да се олади. Во ладното тесто додавајте едно по едно јајце, матејќи со миксер. Кога ќе се соедини првото јајце тогаш додајте го следното и продолжете со матење.

Од тестото направете крофни (со шприц или рачно, со лажица, а можете да употребите и најлонска кесичка на која сте отсекла еден агол) во плех на кој сте ставиле хартија за печење.

Рерната претходно загрејте ја на 250 степени, плехот ставете го ниско во рерна и печете ги крофните 14 минути, а потоа намалете на 150 степени и печете уште 20 минути. Не ја отворајте рерната додека се печат крофните! Изладените крофни наполнете ги со фил и посипете ги со шеќер во прав.

Фил: Јајцата и шеќерот се матат, се додава екстрактот од ванила, пудингот од ванила, скробот и 200 мл млеко. Останатите 300 мл млеко сварете ги. Кога ќе зоврие додајте ја изматената смеса и варете како пудинг.

Изладете го кремот и изматете го со путер исечкан на коцки и омекнат на собна температура. Наполнете ги крофните рачно (пресечени на половина) или со шприц. На здравје сладење!