Овие празнични колачи ги правам додека сварам кафе…Евтини состојки, а вкусот преубав…
Подгответе празнични колачиња за кратко време – Евтини состојки и преубав вкус…Направете ги најубавите ситни колачи од евтини состојки. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г искршени бисквити
90 г ситно сечкани/мелени ореви
За крем:
250 г млеко
120 г шеќер
10 г ванилин шеќер
60 г какао во прав или пудинг од чоколадо
150 г путер
За глазура:
140 г чоколадо
ПОСТАПКА:
Измешајте ги бисквитите со оревите. Во тенџере сварете го кремот од наведените состојки и сипете го во бисквитите. Соединете и смесата претурете ја во парче хартија и обликувајте „салама“.
Оставете во замрзнувач половина час или колку што е потребно за да се стегне. Потоа сечете парчиња со големина по желба и потопувајте ги на едниот крај во растопено чоколадо.
Деталите за подготовката погледнете ги во видеото ОВДЕ од 8:13 минута: