Колачите се врв, сочни, превкусни, им нема рамни. Ова е еден рецепт за старински колачи кои порано ги подготвуваа нашите баби, а ние ги јадевме со сласт. Кога ќе ги пробате, вкусот ќе ве наврати во детството, кога целата куќа мирисаше на безгрижност и на овие колачиња. Еве што ви е потребно за да ги направите:

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 300-400 г брашно, 2 шолјички млеко (шолја за кафе околу 100 мл, значи вкупно 200 мл), 2 лажици масло, 2 лажици гриз, 2 јајца, 1 коцка свеж квасец (40 г), 1 лажичка ванилин шеќер, 1 лажичка прашок за печиво, 1 лажица какао во прав, 300-400 г урми. ЗА ШЕРБЕТОТ: 600 г шеќер (кристал), 400 мл вода, 1 лимон.

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 250 г путер или маргарин, 300 г брашно (најдобро е половината да биде остро, а половината меко), 5 лажици ладна вода, 1 лажица јаболкова киселина. ЗА ФИЛ: мелени ореви/лешници/бадеми, домашен мармалад.




ПОСТАПКА (ПРВ РЕЦЕПТ): Измешајте го квасецот во топлото млеко и додајте ги маслото, јајцата, ванилиниот шеќер, прашокот за печиво, какаото и гризот. Мешајте додека сè да се изедначи, потоа додајте брашно и замесете тесто. Тестото треба да биде компактно и да не се лепи под прстите.




Кога ќе го замесите тестото, поделете го на половина. Едната половина од тестото ја развлекуваме со оклагија во правоаголна кора, која потоа ја сечеме на квадрати (како на сликата). Сечеме по три засеци на секој квадрат.




Ако имате урми со семки, прво исчистете ги. На секој квадрат ставаме од урмите на самите засеци. На неколку од тестата ставив суви кајсии (секој нека си става по вкус).
Квадратите ги виткаме од двете страни и ги вртиме со засекот одозгора. Ова го повторуваме со втората половина од тестото.




Наредете ги колачите во плех обложен со хартија за печење и печете ги приближно 30 минути на 180-200 степени, зависи од вашата рерна. Додека колачите се ладат го подготвуваме шербетот. ЗА ШЕРБЕТОТ: Во тенџере се ставаат шеќерот, водата, сокот од еден лимон. Оставете да се вари 10-тина минути.




Со врелиот шербет прелијте ги колачите. Кога ќе го впијат шербетот, готови се за
послужување. Послужете ги со попладневен чај или вашето омилено кафе. Може да се засладите и после ручекот… / Сoolinarka.сom Еве ја постапката и за вториот рецепт:




ПОСТАПКА (ВТОР РЕЦЕПТ): Се мати омекнатиот путер, се додава водата и оцетот, па постепено се додава брашното. Се добива убаво мазно тесто кое се остава завиткано во проѕирна фолија да одмори половина час во фрижидер.

ВТОР РЕЦЕПТ

ЗА ФИЛОТ: Мелените ореви се мешаат со џемот или мармаладот по желба. Тестото се развлекува тенко, со дебелина од 2 мм, па се сечат квадрачиња 5х5 см и на секое се става по малку фил. Лесно со раката се свиткува во кифла.

Направените кифлички се редат во плех обложен со хартија и се печат во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20-тина минути додека кифличките благо да заруменат.

Печените кифли се оставаат малку да изладат па се валкаат во шеќер во прав помешан со ванилин шеќер. Мене најубав ми е филот од мелени лешници помешани со мармалад од кајсии или мандарини, но може да ставите било каков, по ваш вкус.