Тоалетната школка за многумина претставува најголема асоцијација со бактерии и посветуваат најголемо внимание за нејзино чистење. Но, во домот постојат површини и предмети, кои собираат и многу повеќе бактерии од ВЦ школката, како на пример:
1. Електронски уреди
Користете микрофибер крпа и благо средство за дезинфекција во зависност од инструкциите за користење на уредот. Бидете внимателни при чистење на копчињата.
2. Четка за заби
Чувајте ја четката за заби, колку што е можно подалеку од ВЦ школката. Потопете го врвот на четката за заби во течност за плакнење на забите и оставете да отстои околу 15 минути. Четката за заби, менувајте ја на секои 2 до 3 месеци.
3. Теписи
Вшмукување не е доволно, бидејќи нема да се ослободите од бактериите кои се вовлекуваат во нив. Одвреме навреме, потребно е нивно длабинско чистење и перење со вода и средство.
4. Торби и ташни
Еднаш неделно, избришете ја вашата ташна со крпа натопена во вода и детергент. За да бидете сигурни, користите специјални производи за длабинско чистење.
5. Крпи во тоалетот
Крпите во тоалетот, после секое користење мора да се исушат, за да не бидат погодно тло за привлекување бактерии. Менувајте ги секој втор ден.
6. Одводот во кујната
Немојте само да го исплакнете со топла вода. Најмалку два пати неделно, по подготовка на сирова храна, ипрскајте со антибактериски спреј, нека остане 10 минути и исплакнете.
7. Лежалки за миење садови и сушење
Измијте ги во топла вода со детергент и потоа потонете ги околу десет минути во дезинфекционо средство. Сунѓерите менувајте ги на секои две недели.