Потребни состојки:
15 белки
15 лажици мелени ореви
15 лажици шеќер
5 лажици брашно
За фил:
15 жолчки
250 г шеќер
100 г чоколадо
250 г путер/маргарин
За декорација:
400 мл слатка павлака
Постапка:
1.Белките изматете ги во цврст снег а потоа постепено додавајте шеќер матејќи додека да се растопи.
2.Во шамот од белки додадете мелени ореви и брашно, па полека измешајте со лажица.
3.Плехот обложете го со хартија за печење а потоа ставете во него една третина од приготвената смеса за кора. Печете во загреана рерна на 180 степени додека да зарумени. На ист начин испечете уште две кори.
4.Фил: Соединете ги жолчките и шеќерот па гответе на пареа мешајќи додека да згусне.
5.пред крајот од готвењето додадете искршено чоколадо и продолжете со мешање да се растопи.
6.Во изладениот фил додадете омекнат путер и матете со миксер.
Финална постапка:
1.Секоја кора надолжно пресечете 3 пати, па така од една кора да добиете 4 ленти. Значи ќе добиете вкупно 12 ленти.
2.Првата лента премачкајте ја со приготвениот фил и свиткајте како полжав, па ставете во средина од чинијата за торти. Останатите ленти премачкајте ги со филот и кружно виткајте ги околу првиот ролат додека да се потроши материјалот.
3.Обликуваната торта премачкајте ја со преостанатиот фил и декорирајте со шлаг од слатка павлака.
recepti.com