Животот не е бајка и за многумина тој е патека полна со предизвици кои мора да се совладаат. На тој трновит пат постојано се обидувате да се издигнете и да ги надминете проблемите со кои секојдневно се соочувате.




Многумина ќе се обидат да ве навредат и да ве понижат, па ќе има моменти кога ќе се посомневате во своите квалитети. Вашата самодоверба ќе биде разнишана и ќе се сомневате во вашите способности. Тоа на крај резултира со откажување на вашата посакувана цел.




Всушност, колку повеќе поседувате таленти и способности за она што го работите, толку повеќе луѓето околу вас ќе ве обесхрабруваат, сè додека да се откажете. Затоа, добро е да ја прочитате следната приказна и да се сетите на неа кога следен пат ќе се најдете во слична ситуација.




Познат говорник го започнал својот семинар така што од џебот го извадил паричникот, а од него банкнота од 20 долари. Ја подигнал високо во раката, така што да можат да ја видат сите 200 луѓе кои биле присутни во салата.




Гласно ги прашал: „Кој ја сака оваа банкнота од 20 долари?“ Набрзо започнале да се дигаат рацете на луѓето. Речиси сите во салата ги сакаа парите. Потоа говорникот додал:




„Некому ќе му ја дадам оваа банкнота од 20 долари, но најпрво дозволете ми нешто да направам. На очиглед на другите, ја подигнал и другата рака, па ја зел банкнотата да ја тутка во двете раце додека не ја претворил во топче.




Потоа прашал: „Кој ја сака и натаму оваа банкнота од 20 долари?“ Ако си мислевте дека голем број од рацете ќе се спуштат – се излажавте. Сите подигнати раце од претходниот пат и натаму беа во воздухот.




„Тогаш“, продолжил говорникот, „Што ако го направам ова?“ Тогаш ја спуштил банкнотата на земја и ја згазнал со чевлата. Убаво ја згазнал и со другата чевла, како што се гаси пикавец на пример.




Потоа се наведнал и со двата прсти ја фатил за еден крај и ја подигнал. Сега банкнотата била изгужвана и валкана. „Има ли некој во салата што и натаму ја сака оваа банкнота?“




За изненадување, сите раце повторно биле подигнати. „Епа пријатели мои, сега научивте една многу важна лекција. Без разлика на тоа што и направив на банкнотата, ја гужвав и ја згазив, вие и натаму ја сакавте, притоа, тоа не ја намали нејзината вредност.




Сè уште вреди 20 долари и сè уште е банкнота. Многупати во нашите животи се случува да бидеме згужвани, згазени, паѓаме на земја во нечистотија поради одлуките кои ги носиме во животот и околностите во кои се наоѓаме. Се чувствуваме како да сме безвредни.

Но, без разлика на тоа што ни се случило или што ќе се случи, никогаш не ја губите својата вредност. Луѓето имаат желба да го понижат и навредат оној којшто вреди. Вие сте посебни – и тоа никогаш не го заборавајте. Верувајте во себеси и во најтеш-ките моменти и кога ќе паднете и кога ќе потклекнете. И кога другите ќе ве мачкаат со кал – вие и натаму вредите.