Нутриционистката Челзи Амер тврди дека парче пица наутро претставува подобро избалансиран појадок отколку житариците, бидејќи содржи повеќе протеини, повеќе свежи состојки, како и помалку шеќер!
И покрај тоа што се рекламираат како идеална храна за појадок, повеќето комерцијални житарици имаат недостиг од прехрамбена вредност и не содржат доволно протеини и здрави масти. Амер тврди дека пицата осигурува силен баланс од протеински јаглени хидрати и масти, за разлика од повеќето житарици кои содржат иста количина калории како и чоколатче.
„Можеби ќе ве изненади дека просечно парче пица и чинија житарици со полномасно млеко содржат речиси иста количина калории. Но, пицата содржи значително повеќе протеини, кои ќе ви помогнат да бидете сити и имате енергија во текот на претпладнето“ – вели Челзи Амер.
Она додава дека и бројните засладени житарици не би можеле воопшто да се сметаат за составен дел од избалансирана исхрана бидејќи едноставно содражат премногу шеќер.
„Јас ги сакам житариците како и сите останати луѓе, но многу засладени житарици содржат калории колку и цело чоколадо. А не е баш најпаметно да се започне денот со многу чоколадо“ – истакнува нутриционистката.
Измама на прехрамбената индустрија: Овие намирници се чиста измама!
Едно неодамнешно истражување покажало дека шеќерот се содржи со 35% во некои популарни марки на житарици. Освен ако јадете „чисти“ житарици без додатоци, тие можат да предизвикаат нагло растење на шеќерот во крвта, со што се ослободува инсулин а ако тоа редовно се повторува, тоа не е добро за вашето тело“ – велу нутриционистката Тами Лакатос Шејмс и додава:
„Калориите брзо се трупаат и брзо сте повторно гладни.“
Сепак некои експерти лажат, бидејќи пицата и не е најздравата храна која би требало да се јаде за појадок.
„Не велам дека одењето во пицерија претставува идеален оброк“ – вели нутриционистката Венди каплан. Хранливите материи кои се наоѓаат во пицата не можат да ги надвладеат штетните состојки – преработените јаглени хидрати, заситените масти и натриумот, додава таа.
Количината калории и масти во пицата исто така зависи од оној што ја прави, па така луѓето не знаат колку сол консумираат – предупредува Каплан.
Сепак, ако сами ја правите пицата користејќи интегрално брашно и ја наполните со зеленчук, тогаш навистина би можело да станува збор за здрав појадок.