Еве еден рецепт за маска која ќе помогне во јакнење на оштетената коса. Погодна е за сите типови коси, помага во намалување на нејзиното опаѓање, а го стимулира нејзиниот раст.
Основна состојка на оваа маска е квасецот. Се применува 2 пати неделно. За опоравување на оштетената коса и за да добиете максимални резултати, постапката се повторува во текот на два месеци, без прекини. Значи, двапати неделно во текот на два месеци.
Резултатот од примената на ваквата маска, не само што е висококвалитетен, туку и траен. Маската од квасец одговара на сите типови коса и незаменлива е во борбата против губитокот на косата и стимулација на нејзин побрз раст.
МАСКА ОД КВАСЕЦ ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ И ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ТЕНКА И СЛАБА КОСА:
Потребни состојки:
3-4 супени лажици топло млеко
1 мала лажичка мед
7 г сув или 20 г свеж квасец
Постапка:
Во 3-4 супени лажици топло млеко растворете го медот, па додадете го квасецот. За долга коса користете двојна или тројна количина, во зависност од должината на косата). Оставете 15-тина минути да ферментира и да се активира квасецот, па добиената смеса нанесете ја на чиста и влажна коса.
Завиткајте ја главата со најлонска кеса, а потоа и со пешкир. Оставете да делува најмалку 1-2 часа (колку подолго, толку подобро), а потоа косата исперете ја со млака вода.
Со помош на оваа маска, габичките од квасецот ќе овозможат зголемување на витамините, протеините и минералите кои се неопходни за растот на вашата коса. Хранливите материи ќе бидат впиени од фоликулите на косата и со тоа ќе се зајакне и опорави оштетената коса.