Не боли и долго не дава никакви симптоми, затоа високиот крвен притисок го нарекуваат тивок убиец. Не бира, ги погодува и мажите и жените на сите возрасти. Експертите советуваат редовни контроли, бидејќи голем број луѓе не знаат дека боледуваат од хипертензија.
“Виновниците за зголемен крвен притисок сме најчесто ние самите. Во мал број случаи, некаде околу 5%, постои некое друго заболување кое предизвикува зголемување на притисокот, па со лекување на другата болест, го лекуваме и притисокот.
Но, просто кажано, високиот притисок е последица на погрешен начин на живеење и погрешен однос кон самите сенеси” – изјави кардиологот д-р Марија Здравковиќ.
Докторката објаснува дека една од основните причини е начинот на исхрана кој не е добар за кардиоваскуларниот систем (оброци богати со калории а сиромашни со нутриенти). Како фактор ризик ја наведува и дебелината, како и недостигот од намалена физичка активност.
Знаци кои најавуваат дека нешто не е во ред со притисокот се: честа главоболка, недостиг на сила, малаксалост, вртоглавица, болка во градите…
Високиот крвен притисок негативно влијае не само на срцето, туку и на останатите органи, на бубрезите и мозокот, а тука е и процесот на забрзаното стареење на крвните садови и целиот организам, за што како последица може да се јави инфаркт на миокардот – наведува докторката.
Таа смета дека најлошо е кога притисокот го лекуваме со лекови, но некогаш пациентот мора да добие и лекови. Таа препорачува прво да се регулира телесната тежина, да се промени начинот на исхрана, да се спие доволно и да се вклучи физичка активност.
КАКО ПРАВИЛНО СЕ МЕРИ ПРИТИСОКОТ
“Правилно мерење на притисокот бара пет минути да седите во една соба, каде нема телевизор ниту галама. Да мирувате тие 5 минути, па потоа да го измерите притисокот.
Може да се мери на лева или десна рака, а раката треба да биде исправена а манџетната да биде на местото на артеријата, во ниво на лактот.
ХРАНА И РЕГУЛИРАЊЕ НА ПРИТИСОКОТ
На нашето мени секојдневно треба да има свеж зеленчук и овошје, мешунки, семки, риба и моркси плодови, интегрални житарици и маслиново масло.
Поретко треба да се консумира месо, млеко и млечни производи. Целосно треба да се исклучат намирници како што се шеќерот и производите од бело брашно, транс мастите, солени сирења и сувомеснати производи. Дури, ниту туршијата не е препорачлива да се јаде при хипертензија, а солта и намирници што содржат натриум да се сведат на минимум.