„Само да ви кажам дека сум пpeпоpoден. Малку го променив оригиналниот рецепт според сопствените потреби. меленото семе го пијам со јогурт, а лажичка мед јадам посебно. Ефектите кај мене беа видливи за само неколку дена. Повеќе не станувам навечер како порано, а и „другите“ работи се многу подобри“, објасни Бане Вук откако го испробал природниот лек за воспалена простата.




ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА ВОСПАЛЕНА ПРОСТАТА ОД ДВЕ СОСТОЈКИ. Денес ќе ви откриеме рецепт за подготовка на една многу вкусна и ппијатна мешавина која е добро да се јаде секојдневно, мажи, жени и деца, но се покажало дека има особено корисно дејство кај мажите. Се подготвува од само две состојки, семки од тиква и мед, а за да се засили дејството, кој сака може да додаде и пчелин/цветен полен.




За разлика од органското масло добиено од семки од тикви чија цена е вpтоглаво висока, овој лек за простата е доста поевтин и секој може многу лесно да си го приготви дома. Се јаде по една лажица наутро на празен стомак, а им се препорачува особено на мажите, без разлика на возраста.




Но овој лек не е наменет исклучиво за мажи, туку може да го конcyмираат и жени кои имаат гинеколошки проблеми, а особено оние предизвикани од ешерихија коли. Покрај тоа, семките од тиква во мед ги чистат цревата од cлуз, токcини и паpазити.




Простатата е жлезда сместена под мочниот меур, која ја имаат само мажите. Нејзината основна функција е да лачи течност која овозможува подобра подвижност на cпepматозоидите. Здравата простата има мали димензии, како плод на костен. Меѓутоа, со текот на години се јавуваат сè поголем број проблеми со оваа жлезда.




Доаѓа до нејзино зголемување, особено после 50-тата година од животот, но и порано. Најчесто доаѓа до воспаление-простатитис, и бенигна хиперплазија, односно зголемена простата. Кај постарата популација, речиси кај 9 од 10 мажи ги имаат наведените проблеми, а за жал, не е редок ниту paкот на простата.




СИМПТОМИ: Отежнато мокрење (слаб млаз при ypинирање и чyвство на неиспразнетост), често станување навечер поради „потреба“ да го испразните мочниот меур. Доколку имате вакви проблеми, најдобро е да го посетите вашиот уролог.

ИСХРАНА: Намалете го внесот на млечните производи, исфрлете го рафинираниот шеќер, намалете го кофеинот на минимум (најмногу едно кафе дневно), во исхраната внесете доста намирници кои содржат цинк, магнезиум, бета каротен и витамини Ц и Е, влакна, омега 3 масни киселини (разен зелен лиснат зеленчук), свежо овошје, интегрални житарици, мешунки, семки од тиква и мед.




Исто така, еднаш недело редовно јадете леќа и пченка, поради глутаминската киселина која ја содржат. Имено, нејзиното дејство е потврдено кај зголемена простата. Семките од тиква пак, треба да се јадат почесто, а еве зошто: содржат голем број корисни аминокиселини, глутамат, триптофан, витамини Б и Е, цинк, селен, железо, калиум, бакар и манган, многу растителни влакна. Во 100 г семки од тиква се содржат 446 калории, па затоа внимавајте на количината која ќе ја изедете.




НАЈДОБРА КОМБИНАЦИЈА: СЕМКИ ОД ТИКВА, МЕД И ПЧЕЛИН ПОЛЕН. РЕЦЕПТ-ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 г излупени непечени семки од тиква и 5 големи лажици багремов мед (може и повеќе, по желба). постапка: Семките сомелете ги ситно, па лажица по лажица додајте мед и соединете до посакуваната густина.




Мешавината складирајте ја во стаклена тегличка со капак и чувајте ја во фрижидер. Секој ден јадете по една лажица пред јадење, на гладно. Не постои временско ограничување за тоа колку долго може да се зема оваа смеса. Сепак, препорака е да се направи мала пауза откако ќе се потроши една тегличка.

Во оваа мешавина можете да додадете и една полна голема лажица пчелин/цветен полен и уште малку мед за да може да се раствори. Оваа мешавина мора да отстои три дена во фрижидер пред употреба, за да може поленот добро да се раствори во медот. Повеќе можете да дознаете ОВДЕ.