Колкупати ви се случило да почувствувате подуеност и б олка во желудникот после јадење? Обично додека ја јадете вашата омилена храна е сè во ред. Но само неколку минути подоцна, чувствувате силна „киселина“ која ви го менува вкусот и почнувате да подригнувате.
Веднаш после јадењето чувствувате тегоби. Ова се типични симптоми на гастритисот, и токму вака се манифестира воспаление на слузокожата од желудникот. Доколку не се лекува навремено, оваа состојба може да доведе до сериозни компликации, меѓу кои е и чир на желудник (кој многу потешко се лекува од гастритисот).
Вака комбинираната храна може да предизвика дигестивни проблеми, а особено луѓето со чувствителен стомак треба да ја избегнуваат. Овошје со друга храна.
Овошјето е најдобар извор на витамини и антиоксиданси, но содржи и киселини кои предизвикуваат ферментација во желудникот, што доведува до бавно варење на друга храна. Покрај тоа, овошјето предизвикува надуеност. За да го избегнете негативното влијание на овошјето, најдобро е да го консумирате на празен стомак.
Месо, риба и млечни производи. Друга комбинација која често е присутна на трепезите. Она што е лошо овде е што оваа комбинација многу лошо влијае на дигестивниот систем. Ако сакате вашето тело да ги користи сите хранливи материи од месото и млечните производи, тогаш најдобро е да ги јадете одделно.
Значи, месото треба да се јаде во комбинација со зеленчук. Тоа важи и за млечни производи како сирење, павлака, кајмак. Овие намирници најдобро се консумираат со зеленчук.
Месо и компири. Ова е веќе типична комбинација во оваа област, која воопшто не се препорачува. Протеините од месото се варат во желудникот, додека компировиот скроб се вари во тенкото црево. Докажано е дека оваа комбинација го забавува метаболизмот, што резултира со забрзано гоење.
Млеко и сè друго. На многумина им е тешко да го прифатат фактот дека млекото само по себе е оброк и не треба да се меша со друга храна. Причината за тоа е што варењето на млекото е многу сложено. Единствено препорачано нешто што можете да го комбинирате со млеко е медот, бидејќи заедно можат благотворно да делуваат на микробите.
ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА ЖЕЛУДНИК. Потребни состојки: 2 супени лажици сува брусница, 1 лажица домашен квалитетен мед, 250 мл ладна вода. Постапка: Во помало тенџере ставете две супени лажици сува брусница и прелијте со 250 мл ладна вода. Тенџерето ставете го на оган, а откако ќе зоврие, варете уште 3-5 минути.
Тргнете го садот од оган и поклопете го. Процедете го напиток после 15-20 минути и во течноста додајте полна лажица мед. Пијте го чајот додека сè уште е топол, бидејќи тогаш е најделотворен.
Овој природен лек за желудник се пие седум дена континуирано, двапати дневно, наутро и навечер пред оброк. Откако ќе го испиете чајот, треба да ги изедете сварените брусници.
Втор рецепт. Потребни состојки: 1 компир, 1 јаболко. Подготовка и примена: измијте ги добро плодовите и излупете ги, а од јаболкото отстранете ги семките и дршката.
Исечете ги на помали парчиња и исцедете ги. Ако немате соковник, тогаш ситно изрендајте ги, па исцедете ги преку газа, да добиете што повеќе сок (од 1 компир и 1 јаболко). Добиениот сок добро промешајте го и поделете го на два еднакви дела. Првиот дел пијте го наутро на гладно, а вториот навечер 1-2 часа пред спиење (исто на празен стомак).
Секојдневно се прави свежа количина од овој сок, а се пие 1 час пред оброк. Не постои ограничен третман за оваа терапија, што значи дека секогаш можете да го пиете овој сок по потреба. Многу брзо се забележуваат позитивни резултати.
Трет рецепт кој се подготвува од 3 состојки за „киселини“ во желудникот. Ќе ви бидат потребни 1 литар вода, 1 лажица шеќер, 1 лажичка сол. Измешајте ги овие состојки и пијте кога ќе почувствувате „киселини“ во стомакот. Оваа количина се пие во еден ден. Овој лек го препорачува гастроентеролог и навистина делува.
Други совети кои можат да ви помогнат во решавање на овој проблем се: обидете се да јадете помали оброци и избегнувајте храна што го активира рефлуксот, како пржена или мрсна храна, чоколадо.. Избегнувањето ал-кохол и никотин исто така може да помогне.