Неколку пати претходно пишувавме за важноста од пиење доволно количина вода, но еве не повторно, да ве предупредиме за факторот број еден според важноста за здраво намалување на килограмите. Без разлика колку и какви физички вежби практикувате и каква здрава храна ќе внесувате во вашата диета, не смеете да го избегнете пиењето вода.
Најлесен начин да се изгубат килограмите е да пиете многу вода!
Водата е многу важен нутриент кој за жал многумина од луѓето го прескокнуваат, навикнати на хронична дехидратација и упорно, и покрај предупредувањата не ја пијат потребната количина.
Водата е важна за одржување на оптималното здравје, за елиминирање на токсините од телото кои можат трајно да оштетат поедини клетки и да предизвикаат пореметување во функцијата на виталните органи.
Меѓутоа, и покрај многуте придобивки од пиењето вода, ние ќе се задржиме на нејзината способност да ги топи масните наслаги. Постојат повеќе различни теории за мистериозниот начин на кој што оваа живототворна течност делува.
Некои веруваат дека пиењето две чаши пред оброк, го исполнува стомакот и остава помал простор за храна.
Понекогаш, нагонот за глад всушност е дехидрираност, а жедта погрешно се толкува како глад. Ако почувствувате глад, испијте една чаша вода и почекајте да делува: ако гладта поминала, тогаш вие сте биле жедни, што автоматски телото ви сигнализирало дека не сте пиеле доволно вода.
Истражувањата покажале дека луѓето кои пијат повеќе вода имаат повеќе енергија. Тоа е линеарно поврзано со трошењето калории, а со тоа и побрзото губење на вишокот килограми и масни наслаги. При трошењето енергија се трошат и калориите- многу едноставно!
Покрај сето ова- со пиењето вода се елиминираат многу токсини од организмот, кои можат да доведат до сериозни заболувања.
Дехидратацијата е поврзана со вртоглавици, главоболки, стомачни болки, несвестици, замор и др.
Според резултатите на различни студии, водата е главниот фактор за губење на килограмите. Значи, ако сте во потрага по многу едноставна стратегија за губење на вишокот килограми и масти, треба да го зголемите внесот на вода.
И не заборавајте: пред секој оброк да испиете 1-2 чаши филтрирана вода!