Хит диетата ветува дека ќе ослабете 10 килограми масни наслаги за само еден месец. И не само тоа, би требало да започне косата да ви расте побујно, ноктите да ви станат поцврсти, да ви се прочисти кожата и да се чувствувате супер…
Поентата на оваа диета е да се одбегнуваат јаглените хидрати, но на едноставен начин.
Само од понеделник до сабота исфрлете ги јаглените хидрати, а во недела би требало да ги јадете за појадок и ручек. Потоа од понеделник започнувате отпочеток.
СМЕЕТЕ ДА ЈАДЕТЕ:
-Секој вид на месо
-млечни производи, со што помалку јаглени хидрати и не претерувајте со овие намирници
-фета, Ella сирење, јогурт половина литар максимално и кашкавал…
-зеленчук: Сè што е зелено – зелка, зелена салата, краставица, карфиол, брокула, кромид, домати, тиквички, аспарагус, целер, спанаќ, рукола…
-јајца на сите начини, ако ги пржите тогаш на многу малку масло, мах 1 супена лажица!
-јаткасти плодови (бадеми, ореви, кикирики… по една шака/грст дневно).
-водата е многу важна во текот на целиот ден, околу 2,5 литри минимум…
СТРОГО ЗАБРАНЕТО ЗА ЈАДЕЊЕ:
-било какво печиво, односно брашно-никако!
-Овошје не смее, но до недела – компир, соја, грав, боранија, повторно повторуваме тестенини никако, грашок ориз, грицки, благо…
-сокови, шеќер никако!
Првиот список со дозволени намирници користете го првите 6 дена. Седмиот ден за појадок и ручек може да јадете тестенини, компир, ориз, сè од набројаното освен благо (колачи, торти, сладолед, сокови…).
Ако ви се јаде нешто слатко, тогаш изедете едно лажиче мед или некој интегрален кекс, до 2-3 парчиња. Потоа се враќате на првиот ден и повторно без јаглени хидрати.
Оваа диета ги напаѓа мастите на најдобар начин, а притоа ги чува мускулите. Сепак, пожелни се консултации со вашиот доктор, пред да преминете на овој режим на исхрана.