Цвеклото е црвен коренест зеленчук кој најчесто се консумира сиров но и како салата. Многумина не го сакаат, но не знаат дека цвеклото е исклучително добро за здравјето: го чистат црниот дроб од маснотии, спречуваат застој во работата на дебелото црево и со негова помош може да го обновите видот. И тоа не е се’
ЛЕКОВИТИТЕ СВОЈСТВА НА ЦВЕКЛОТО
Цвеклото може да ја подобри вашата циркулација и да го зајакне кардиоваскуларниот систем, додека истовремено му дава на вашето тело доволно енергија да го издржи целиот ден. Овој зеленчук содржи бетаин и триптофан, ретки супстанции кои можат да ги смират нашите нерви и да го ублажат стресот.
Противвоспалителните својства на цвеклото и високата содржина на антиоксиданти може да се бори против слободните радикали во телото и да го подобрат вашето целокупно здравје.
На овој начин можете да приготвите салата од цвекло и да ја консумирате секој ден:
Потребни состојки:
2-3 главици цвекло
2 главици кромид
маслиново масло ладно цедено, екстра девствено
балсамико – киселина
сол по вкус
Постапка:
Излупете го цвеклото и сварете го во вода со прстофат сол. Потоа исцедете и исечкајте на помали парчиња.
Потоа исечкајте го кромидот, па промешајте го заедно со цвеклото.
Додадете малку маслиново масло и оцет, посолете по желба.
Или, пригответе прелив од масло и балксамико зачинет со билки по ваша желба, прелијте преку цвеклото и оставете да отстои еден час. Ќе добиете многу вкусна салата.
Оваа неверојатна салата ќе го исчисти вашиот црн дроб и дебело црево, а исто така ќе го подобри видот. Цвеклото има својство да ги обновува клетките и затоа се препорачува да се консумира секој ден.