Белата дудинка потекнува од далечната Кина и многу е лековита, особено за лекување на болести на срцето, дијабетесот и ракот.
Покрај тоа, го намалува холестеролор во крвта, лекува запек, благотворно делува на артритисот, намалува опаѓање на коса и спречува рана појава на седи влакна.
Белата дудинка содржи органски киселини, каротени, пектин, витаминЦ, а сите овие компоненти имаат способност да го намалуваат воспалението, да ја лекуваат кашлицата, главоболката, дијареата..
Поседува и фенол кој е многу ефикасен во борбата против ракот и болестите на срцето. Добар е за дијабетичари, бидејќи го намалува нивото во крвта, но и како превенција.
Според авторот на книгата “Билки против ракот”, Џонатан Хартвел, сокот од бела дудинка може да помогне кај тумор на грло.
белата дудинка се наоѓа во состав на препарати против стареење на кожата, за третман на кожа околу очи, за тонизирање и чистење на лицето. Го има во состав на бројни козметички препарати за избелување на кожата и елиминација на дамки и пеги, бидејќи содржи инхибитори кои ја намалуваат синтезата на меланин.
Прав добиен од кората на дудинката се користи за лекување за приготвување на чај против зголемен крвен притисок.
Покрај белата дудинка, кај нас е застапена и црната, која уште се нарекува и црница.
Секој дел од оваа билка е лековит. Можете да ја користите кората, листовите, свежите но и суви плодови.
Покрај тоа што целата билка е богата со антиоксиданти, содржи алкалоиди кои го јакнат нашиот имунитет, го балансира шеќерот во крвта, а сувите плодови важат за една од најздравите природни закуски.
Зрелите плодови од дудинка се јадат, но се користат и за филови, чаеви, за добивање вина и ликери.
Црните и црвените дудинки имаат најсилна арома. Незрелите плодови не се препорачуваат за јадење бидејќи може да содржат лесни халуциногени својства. Црната, црвената и белата дудинка е раширена низ цела Европа, Блискиот Исток, северна Африка и Индија.
Созрева летно време, сезоната му е при крај на јули-август месец.
ЧАЈ ОД ЛИСТ ОД ЦРНА ДУДИНКА
Прелијте 50 г лист од дудинка со 500 мл зовриена вода, поклопете да отстои 10 часа. Процедете и пијте во текот на денот. лекува дијабетес.
ЛЕКОВИТ СИРУП ОД ДУДИНКИ
Еден килограм црни дудинки ставете во половина литар вода и додадете две лажици јаболкова киселина. оставете да отстои 24 часа. Следниот ден промешајте ја смесата со еден килограм интегрален шеќер или друг природен засладувач, па варете до посакуваната густина. Складирајте во стерилизирани тегли и пијте неколку пати на ден, растворено со вода.
Напомена: Не претерувајте со консумација на дудинките, бидејќи можат да предизвикаат халуцинација и дигестивни пречки.