Вечната мудрост се пренесува веќе со децении…

Позната по својата подготвеност со своите обожаватели да сподели бројни моменти од својот приватен живот, Лепа Брена на Инстаграм профилот објавува и инспиративни цитати.

За време на пандемијата ова охрабрување и утеха за многумина е добредојдено.

Па така, на денот од 29 годишницата на својата венчавка со Боба Живојиновиќ, објави и преубав цитат кој му се препишува на легендарниот Чарли Чаплин.

-Чарли Чаплин живеел 88 години. Ни остави 4 изјави:

1.Ништо не е вечно на овој свет, дури ни нашите проблеми.

2.Сакам да одам по дождот, затоа што никој не ги гледа моие солзи.

3.Најизгубениот ден во животот е денот кога нема да се насмееме.

4.Шесте најдобри доктори на светот се:

-Сонце

-Одмор

-Вежбање

-Диета

-Самопочит

-Пријатели

Потпирајте се на нив во сите фази од својот живот и уживајте во здравиот живот.

Животот е само патување. Затоа, живеј денес, можеби ќе нема утре – порача Брена.