Ако го преферирате белото пилешко месо, тогаш запишете си го овој едноставен рецепт за брзи уштипци кои секому успеваат. Пилешките „уштипци“ се одлично решение кога не знаете што да направите за јадење, а потребно е нешто брзо да подготвите.




Освен што се брзи и едноставни, тие се многу вкусни и заситни, па доволно е да ги послужите само со салата. Ако сакате да имате уште подобар вкус, во смесата може да додадете и една до две мали лажички сенф, но сепак ова е по вкус и по желба.




Многу се повкусни од класичното похуваното месо, а ќе извалкате и помалку садови, поточно – само еден сад. Откако го откривме овој рецепт, многу често го приготвуваме, особено кога се собираме со пријатели, за нас е најдоброто мезе. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 пилешки филеа (бело месо), 1 чешне лук, 3-4 супени лажици кисела павлака, 1 јајце, 3 супени лажици брашно (или по потреба, во зависност од тоа колку сок ќе пушти самото месо), сол и црн пипер по вкус, малку сенф по желба




ПОСТАПКА: Месото измијте го под млаз ладна вода, а потоа со хартиена салветка впијте ја сета влажност од него. Со помош на остар нож потребно е да исечете тенки листови-шницли со дебелина од приближно 5 милиметри.




Исечените тенки лентички месо зачинете ги со сол, црн пипер, по желба зачинска пипер или мелен коријандер или некој зачин по ваш вкус. Со пилешкото месо убаво одговара кари или куркума, но секако, и ова е по вкус. Додајте едно или две чешниња лук изрендани или истиснати низ преса.




Добро измешајте да се распоредат зачините, па додајте едно цело јајце и 3-4 супени лажици кисела павлака. Изматете убаво за да се растворат состојките и да се изедначат. Поклопете го садот со месото и оставете го во фрижидер да одмори 20 минути.




За тоа време месото фино ќе ги впие сите вкусови од додадените зачини, а може да испушти и свои сокови. Во смесата потоа додајте три супени лажици брашно, (помалку или повеќе сами ќе оценете), па промешајте за да се раствори и да нема грутчиња.




Смесата, односно месото е подготвено за пржење. Загрејте малку масло (приближно 5-6 лажици) на умерена температура, па спуштајте ги обложените пилешките лентички и пржете ги од двете страни додека да заруменат. Се пржат брзо бидејќи се тенки. Вадете ги врз чинија обложена со хартиена салветка. Рецептот за „пилешки прсти“ прочитајте го ОВДЕ.