ОВА ГО ПИЈАМ СЕКОЕ УТРО и имам блескава кожа, рамен стомак како даска…Ако го читате овој текст, тогаш сфатете го како знак дека е време да почнете со вашиот „велнес“ третман и да се грижите за своето здравје, порачува позната инфлуенсерка Корејка позната под надимакот Дада.

За да го приготвите овој извонреден напиток од кој вашето тело многуктратно ќе има бенефити, нема да ве чини многу, а многу ќе добиете. Потребни ви се само две состојки:

лимон и ѓумбир!

Секој пат го пијам овој напиток за детоксикација и да не се дебелеам. Има толку многу придобивки, а е толку едноставно се приготвува.

Коктелот е добар за здравјето на кожата, има антиинфламаторно дејство, ги намалува дигестивните проблеми, ви дава посилен имунолошки систем, го зајакнува метаболизмот…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 лимони
1 корен од ѓумбир
250 мл дестилирана вода

ПОСТАПКА:

Излупете го лимонот и исечете го на парчиња за да можете да ги отстраните семките. Ѓумбирот излупете го или едноставно само добро измијте го и исечете го на парчиња.

Следен чекор е добро да го сомелите во блендер со вода, додека да добиете мазна смеса без поголеми парчиња. Процедете го добиениот сок, складирајте го во шише или како јас што правам, во специјални мали шишенца од 80-100 мл. Се чува добро затворен во фрижидер до 4 дена.

УПОТРЕБА: Секое утро се пие на гладен стомак, а ако имате чувствителен стомак, тогаш разредете го со уште малку вода и додајте сосем малку мед.

Исто така, сокот можете да го замрзнувате во калапи за коцки мраз, па да ги користите коцките за разни сокови, коктели и слично. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.