Трик кој многумина постојано го практикуваат ќе ви помогне да ги загреете стапалата во чевли дури и кога надвор е -30. Потребно ви е само едно нешто што сите го фрлаат…
Дали и вам многу брзо ви смрзнуваат стапалата иако носите зимски чевли?
По топлиот декември, одеднаш како да дојде многу студен бран или како што многумина велат „удри минус“, па колку и да ни најавуваа метеоролозите дека ќе температурите значително ќе се намалат, сепак многумина од нас не се подготвија соодветно за снег и мраз.
Од застој во градскиот превоз, до слоевита облека што е исклучително тешко да се носи врз себе, до чевли кои, колку и да се добро поставени и наводно топли, сепак не можат да ни ги загреат нозете – излегувањето од дома на ова време е сè освен пријатно!
Но, постои трик како да ви ги загреете стапалата кога надвор е минус, а сè што ви е потребно е еден предмет кој дефинитивно го имате дома.
Имено, станува збор за тетрапак, било кој, од сок, млеко…Кога го пиеме сокот, логично е празниот тетрапак да го фрлиме во канта. Но, не правете го тоа, зашто одличен начин да го искористите!
Овој трик многумина го практикуваат постојано во зима, а ќе ви помогне да направите „изолација“ во чевлите и чизмите и со тоа да спречите да ви замрзнат стапалата.
Прво исечете го и отворете го тетрапакот, убаво измијте го и исушете го. Потоа извадете ја „влошката“ од чевлите и врз парчето нацртајте го обликот на влошката за чевли и исечете ја.
Отстранете ја влошката од чевлите или чизмите што ги носите во зима, а потоа ставете ја онаа што сте ја направиле од тетрапак со фолијата свртена нагоре. После тоа, вратете ги „оригиналните“ влошки на нивното место, над оние што сами сте ги направиле.
И тоа е сета мудрост! Оваа домашна влошка неверојатно ќе ја задржи топлината и ќе спречи студот да навлезе во ѓонот и да ги олади вашите стапала. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.