Понекогаш без очигледна причина се чувствуваме уморни, стануваме од спиење со главоболка, во одразот на огледалото забележувале пожолтен тен и подуени подочници, но сето тоа поради бројни обврски го оставаме „под тепих“ и итаме кон новиот ден и работата што нè чека, пишува НМД.мк




Ако го отстраниме ст-ресот од пошироката слика и брзото темпо кое го наметнува модерниот начин на живеење, нашата здравствена состојба во голема мера зависи од нашата исхрана и од начинот на кој таа се дигестира во нашиот организам.




Не е важно само да се внесуваат здрави намирници, туку потребно е да имаме и здрав дигестивен систем кој ќе може таа храна да ја свари правилно, а разложените хранлви намирници да стасаат до сите ткива и органи во организмот. Ова е поврзан систем кој совршено е осмислен да функционира беспрекорно.




Но, од бројни познати или непознати причини, доаѓа до различни пореметувања во фунционирањето на овој систем. Експертите пресметале дека еден просечен човек, до својата 70 година возраст јаде приближно 100 тони различна храна и пие околу 40 000 литри течност.




Се утврдило дека барем една петтина од сета таа храна се состои од намирници кои организмот не може да ги свари, ниту да ги искористи како енергија. Оваа храна останува како отпад во организмот и доколку не се исфрли, може да предизвика различни пореметувања.




Списокот на намирници кои го оптеретуваат организмот е навистина долг, а можете да забележите дека сè почесто е застапен во секојдневната исхрана. Тука спаѓаат вишокот шеќер со кој се оптеретени бројни индустриски произведени производи. Скриениот шеќер се наоѓа дури и во производи кои се „солени“, како што е кечапот, конзервираната храна, па дури и во лебот.




Нема потреба да ги споменуваме разните адитиви и засилувачи на вкусот кои сè почесто се користат во прехрамената индустрија за да ги направат намирниците попривлечни и повкусни за потрошувачите.

Исто така, сè почесто можеме да ги забележиме земјоделците опремени во маски и скафандери додека ги прскаат растенијата, а потоа производите ни ги пласираат на пазарите. Секако, погодувате колку е „здрава“ таа храна…




Кога ќе се земат во предвид сите овие причини, како и фактот дека луѓето не пијат доволно вода во текот на денот, не зачудува фактот што цревата во организмот се преоптеретени со ток-сини, односно отпад кој не може да се исфрли, пишува НМД.мк

Уште на времето, Хипократ говорел: „Сите болести започнуваат во цревата“, а истото денес го потврдуваат бројни нутриционисти и лекари. Имено, ослабените, односно порозни ѕидови на цревата може да доведат до презаситување на кр-вта со различни ток-сини и да предизвикаат воспалителни процеси во организмот.




Ваквите црева може да предизвикаат дигестивни пречки, дуење на стомакот, гасови, дијареа, но и автоимуни пореметувања, како што се алергии, астма, артритис, проблеми со зглобовите, разни кожни пореметувања (егзема, акни), но и други посе-риозни проблеми.




Ова се најчестите знаци дека телото ви е преполно со ток-сини: на лицето се јавуваат акни и квалитетот на кожата е видно опаднат; чувствувате чест умор и не сте добро рас-положени; имате чести главоболки; во разни делови од телото се јавуваат хронични б олки.




Може да се појават и проблеми со спиењето, потешкотии со заспивањето или често будење во текот на ноќта со што се нарушува квалитетот на сонот; може да се појави непријатен мирис на потта и лош здив, како и разни алергии и осип на кожата.

Најчесто во огледалото можете да забележите темни кругови околу очите и подочници, а вие добивате уморен изглед со уморни очи; може да се појави и стомаче од кое не можете да се ослободите, па колку и да внимавате на исхраната.

Доколку имате вакви знаци кои ги чувствувате подолго време, најдобро е да поразговарате со вашиот лекар и да ги направите потребните прегледи кои тој ќе ви ги препорача.