Ова е вистинскиот рецепт не само за бурек, туку и за сите други пити кои се прават до домашни кори. Тестото излегува супер и еластично и многу добро се развлекува или тегне. Што се однесува до филот, бурекот обично се филува во месо кое може но и не мора претходно да се динста, но вие може да филувате со што сакате. Еве што ви е потребно:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г меко брашно, 300 мл млака вода, 50 мл масло, малку сол, 600 г мелено месо, 1 помала главица црвен кромид и залини по вкус: сол, мелен црн пипер, сув зеленчуков зачин (вегета…)

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Ова тесто не се замесува со квасец, туку само од вода, масло и брашно, па бидејќи не треба да стасува и да ферментира, постапката е многу побрза од вообичаено. Само земете еден поголем сад за месење, истурете го брашното и додајте ги другите состојки.
![]()
![]()
![]()
![]()
Измешајте го со лажица или со рака додека да стане компактно, а потоа истресете го на работна површина и месете доволно долго додека да стане мазно и да престане да се лепи за рака. Потребно е да се меси можеби околу 10 минути.

![]()
![]()
![]()
![]()

Формираното тесто веднаш поделете го на приближно три еднакви делови, а од секој дел формирајте топка. Потоа секое тесто развлечете го малку, ставете го на крпа и одозгора намастете го со масло за готвење.

![]()
![]()
![]()
![]()
Вака приготвените теста оставете ги да одморат околу половина час (20-30 минути), а за тоа време пригответе го филот (сирење, спанаќ, шунка и кашкавал, месо…). Овојпат ние бурекот го приготвивме со месо.




Кромидот исчистете го и исечкајте го најситно што можете. Додајте ги сите зачини и меленото месо (кој сака може да додаде и малку сода бикарбона), па добро измесете ја смесата за да се изедначи. Смесата поделете ја на три делови.
![]()
![]()
![]()
![]()
На масата на која ќе работите поставете чист чаршав (за развлекување и тегнење кори), па поставете во средината едно парче тесто и започнете полека со развлекувањето. Трена да добиете тенка и проѕирна кора (ивиците ако се дебели едноставно отстранете ги).

![]()
![]()
![]()
![]()
Од едната и од другата страна на кората наредете рамномерно фил од месо во мали парченца. Малку наросете со масло, па подигнете го чаршавот од едната страна и заролајте ја кората до средината. Истото направете го и од другата страна, па исечете на средина така што ќе добиете два ролати.

![]()
![]()
![]()
![]()

Секое ролатче завиткајте го посебно, во вид на полжав. Можете да ги надоврзувате спирално за голема тепсија, а можете да правите и помали, одделни питички. Тепсијата во која ќе се пече питата треба да биде претходно намастена.

![]()
![]()
![]()
![]()

Ставете да се пече бурекот во претходно загреана рерна на 180 степени околу половина час или додека убаво да зарумени. Кога е готов бурекот треба малку да се испрска со вода која претходно сте ја свариле со малку сол. Поклопете 10-тина минути да омекне, па послужете топло или ладно. / Сооlinarika.com












