Сирупот од урми е еден од омилените додатоци во некои јадења, но според составот може да се спореди и со најдобрите природни антибиотици, бидејќи успешно делува против опacните бактерии, како што се стафилококите и ешерихија коли.




Како што утврдиле на британскиот Универзитет во Кардиф Метрополитен, сирупот од урми, богат со фенолни соединенија, успешно го запира растот на бактериските колонии. Со тоа, сирупот од урми се најде на списокот од евтини природни лекови кои успешно се справуваат со некои инфекции, а според некои, неговото дејство е дури и подобро од медот. Многу лесно сами можете да си направите сируп од урми.




РЕЦЕПТ. Подгответе ги состојките: потребни ви се 25 урми исчистени од семките. Урмите ставете ги во вода на оган, колаку да бидат прекриени, па оставете да зовријат. Ако урмите се многу суви, претходно натопете ги во ладна вода и оставете ги малку да набабруваат (околу 1 час).




Откако ќе зоврие водата, намалете ја температурата на најтивко и постојано мешајте. Додека мешате со лажицата малку нагмечувајте ги омекнатите урми. После 15 минути непрекинато мешање тргнете го тенџерето од оган. оставете малку да се оладат, па процедете ги низ сито или двојна газа.




Уште подобро доколку имате процесор, па ги изблендирате омекнатите урми, а потоа да процедите колку што можете повеќе течност. Добиената течност вратете ја на шпорет и на тивко до умерена температура гответе го сирупот уште 20 минути.




Непрекинато мешајте додека сирупот да згусне. Сирупот чивајте го добро затворен во стаклена тегла или шише, во фрижидер. Се користи по една лажица наутро, а може да се додава и како прелив на разни десерти. Од урмите можете да направите уште еден природен лек за зајакнување на имунитетот и лекување на анемија, само потребно е да им додадете ореви, еве како:




Овој природен лек е исклучително добар и проверен лек за зголемување на хемоглобинот, подигање на нивото на к рвните клетки и подобрување на општата кр-вна слика. Направете го веднаш, освен што е супер здрав, многу е вкусен!




Потребни состојки: 20 мл мед, 200 г сечкани или мелени ореви, 100 г суво грозје, 100 г урми, 200 мл сок од морков, 20 мл сок од цвекло и 2 органски лимони со кора

Постапка: добро измијте ги лимоните и пресечете ги на половина. Извадете им ги сите семки, па сомелете ги заедно со кората. Ако случајно лимоните сте ги купиле од продавница, тогаш излупете ги. Мелените лимони ставете ги во стаклена тегла од 1 литар.




Потоа додајте мед и цеден сок од морков и цвекло. Промешајте добро. Потоа во оваа смеса додајте ситно сечкани или мелени ореви, сечкани урми и суво грозје. Повторно добро промешајте. Ќе добиете околу 1 килограм вкусна и здрава лековита смеса, пишува НМД.мк




Чувајте ја добро затворена во стаклена тегла, во фрижидер. По потреба додајте уште малку мед. Примена: Јадете од смесата трипати дневно по една или две супени лажици, пред секој оброк.

Нема несакани дејства, освен зголемување на енергијата. После една или две седмици проверете ја к рвната слика. Ќе бидете пријатно изненадени. Освен што е многу здрава и лековита, оваа смеса е многу вкусна. Затоа, користете ја умерено, а не како сладок десерт, пишува НМД.мк