Дали некогаш сте се обиделе да насадите авокадо? Можеби сте прочитале или сте гледале видеопрезентација, но никогаш не сте се осмелиле, зашто многумина сметаат дека е тешко за одгледување? Авокадото навистина можете сами да го насадите и тоа на многу едноставен и лесен начин – еве како!
Авокадото станува сè попопуларно и особено го ценат оние кои ја водат битката со вишокот килограми. Неговиот егзотичен вкус и хранливите состојки го сврстуваат меѓу омилените намирници, но пречка е високата цена.
Ако имате барем малку градинарски амбиции, обидете се сами да го одгледувате. За тоа ќе ви биде потребно само едно семе, поточно семката на плодот, но не е лошо да одвоите две-три и да ги испробате двата начина на садење.
На социјалните мрежи веќе подолго време се шири советот дека семките од авокадо треба да се полупотопуваат во тегла полна со вода, набоцкани со чепкалки кои ќе ги одржуваат во таа положба.
За јајцевидната семка да лебди така, треба да набоцкате три чепкалки во средината. Кога другиот крај на чепкалката ќе лежи на работ од теглата, се постигнува идеална рамнотежа.
Се препорачува претходно да се отстрани тенката мембрана од семето. Треба да се избегнуваат тенките пукнатини на површината, бидејќи ако на нив забодете чепкалка за заби, постои ризик да пукне семката. Ставете ја теглата на умерено топло место и наоружајте се со трпение.
По осум недели, ќе забележите дека од долната страна на семето се развива коренов систем, а од горната страна излегува ластар. Почекајте да се развијат најмалку две или три тесни листови, а потоа внимателно засадете го никнатото авокадо во земјата.
Користете обична мешавина наменета за саксиско цвеќе, но внимателно ракувајте со младиот изданок и коренот. Лесно притиснете ја почвата и наводнувајте обилно во текот на следните неколку дена.
Не заборавајте дека вашето авокадо до неодамна живееше во вода. Затоа се очекува растението малку да „опадне“ неколку дена по пресадувањето, но потоа да почне да закрепнува.
Потоа проретчете го наводнувањето со вообичаеното темпо, односно по потреба. Многу градинари го користат и вообичаениот метод за развој на новото растение – со ставање на семката директно во земјата. Прочитајте: Една чаша наутро и навечер: Листовите од авокадо може да ги исчистат бубрезите и да ве спасат од тешки болести – ОВДЕ.