Потребни состојки за крем:

  • 5 јајца
  • 250 г шеќер
  • 40 г густин
  • 150 г пченичен гриз
  • 1 ванилин шеќер
  • 50 г путер
  • 1 литар и 300 мл млеко

За сируп:

  • 300 г шеќер
  • 300 мл вода
  • 1 ванилин шеќер
  • по вкус малку кора од портокал
  • малку цимет

И уште ќе ви биде потребно:

  • 10 листови кори за пита
  • 100 г путер
  • малку масло

Постапка:

Ова е феномален грчки рецепт. Прво пригответе го сирупот: соединете шеќер, ванилин шеќер и вода, ставете на оган да зоврие. На умерена температура варете 5-6 минути, па додадете ситно рендана кора од портокал и малку цимет (може и без цимет, по вкус). Оставете да излади.

Рерната загрејте ја на 180 степени. Пригответе го кремот: Во тенџере ставете 1,2 литри млеко, па на оган да зоврие. Изматете јајца со шеќер, додадете густин, пченичен гриз и 100 мл млеко. Добро изматете (да нема грутчиња), па постепено додадете го во зовриеното млеко со постојано мешање. Кога кремот ќе постигне густина, тргнете од оган, па додадете путер. Измиксајте, па оставете да излади.

Растопете путер. Плехот намастете го со путер, па наредете 5 кори. Секоја кора премачкајте ја со малку растопен путер.

На 5.кора ставете крем.

Преку кремот наредете ги преостанатите 10 кори. Секоја премачкајте ја со малку растопен путер, освен последната. Исечете со остар нож, па прелијте со малку масло.

Попрскајте со врела вода, па ставете во загреана рерна. Печете околу 35-40 минути; готова е кога ќе порумени.

Сирупот процедете го, па печената пита прелијте ја со ладен сируп. Добро изладете пред сервирање.