Толку многу содржат пестициди поради многубројните прскања, што повеќе се ш тетни за здравјето на организмот, отколку корисни. Најдобро е сами да ја одгледувате храната која ја јадете, но ако немате таква можност, принудени сте да ја купувате.

За среќа, постои безбеден начин како да ги измиете овие плодови со посебен метод и да ги отстраните ш тетните супстанции од нив. Во продолжение прочитајте кое е најпрсканото овошје и зеленчук.

Шведските научници докажаа дека инсектицидите, фунгицидите и регулаторите за раст на растенијата со кои се третираат намирниците наменети за исхрана на населението, со текот на времето можат да се акумулираат во меките ткива, органите, зглобовите, коските и кр-вта, односно во целото наше тело.

Од овој проблем се засегнати како возрасните, така и децата. Кога ваквите супстанции ќе се наталожат во голема мера, а природните пуфери и прочистувачи нема да можат повеќе да ги отстрануваат од телото, тогаш започнуваат да се јавуваат разни тегоби и болести кои го намалуваат квалитетот на животот.

Затоа, потребно е да се одбегнуваат ваквите производи. Колку и да си мислиме дека тие се здрави или пак се продаваат на рафтовите од здрава храна, обратете внимание на нивното производство, зошто понекогаш истите можат да бидат повеќе штетни отколку корисни.

Одбегнувањето на ваквото овошје и зеленчук кои најмногу се третираат со пестициди е првиот чекор кон поздрав живот. За жал, во нашата земја не можеме да се пофалиме ниту со понуда на 100% органски производи, па оние чие здравје е засегнато, се приморани сами да си ја одгледуваат храната која јадат.

Шведските научници докажаа дека инсектицидите, фунгицидите и регулаторите за раст на растенијата можат да се акумулираат во телата на децата и возрасните.

Меѓутоа, ако не внесуваме храна што е загадена со пестициди во текот на само две недели, нивото на овие ток-сини во нашето тело опаѓа на нула. Нашиот организам е чудесен, па ако му се дозволи одмор, тој самиот може да се прочисти, па дури и да се самоизлекува.

Еве зошто е важно да се избегнува храна третирана со пестициди:

Здравје на мозокот: Во документите од 2008 година се наведува дека бројни пестициди се сметаат за невротоксини кои можат да влијаат на мозокот на цицачите и луѓето. Истражувањата покажаа дека постои силна врска помеѓу изложеноста на пестициди и Паркинсонова болест – хронично и прогресивно нарушување на моториката.

Ризик од рак: во 2015 година, Меѓународната агенција за истражување на рак ја информираше јавноста дека глифосат – најчесто користениот пестицид во светот, веројатно може да предизвика рак.

Извештај од 2011 година открива дека глифосатот е помеѓу 60% и 100% од причините за загадувањето на воздухот. Во Европа, над 40% од подземните води се позитивни на глифосат, а Германците го пронајдоа овој пестицид во човечката урина. Глифосат се наоѓа и во човечката к-рв, па дури и во мајчиното млеко.

Здравје на децата: Децата се поподложни на ток-сини отколку возрасните. Американската академија за педијатрија пре-дупреди дека изложеноста на пестициди на рана возраст е поврзана со кар.цином кај деца, намалена когнитивна функција и проблеми во однесувањето.

Истражувањата покажаа дека децата од предучилишна возраст изложени на пестициди имаат помала издржливост, послаба координација на очите и послаба краткотрајна меморија отколку децата кои не биле изложени на исто ниво на ток-сини.

За да се намали ризикот од овие болести, се препорачува да се избегнува купување на овие овошја и зеленчуци, освен ако не се органски или произведени во вашата градина (бидејќи знаете колку и со што сте го прскале овошјето/зеленчукот):

На прво место се јагодите, зад нив, на второ место се јаболката, на трето и четврто место се нектарините/праските, петото место за изненадување, го држи целерот (стапчестиот вид), шестото место и секогаш меѓу првите десет – грозјето.

Малку разочарувачки за љубителите на црешите, но сепак – тие се на седмото месо, а истите се прскаат поради фактот што голем број луѓе не ги сакаат органските цреши кои содржат во нив црвчиња (отсекогаш било нормално црешите да имаат црви).

На осмо место за жал се наоѓа и зеленчукот кој доколку би бил органски одгледуван, би бил на прво место по здравствени бенефити, но денес толку многу се прска и се третира сои разни хемикалии што може да се каже дека повеќе е штетен отколку корисен, а тоа е спанаќот.

На 9.и10.место се доматите и шери доматите, на 11.место краставиците, на 12.место пиперките бабури, но и другите пиперки… Како што можете да забележите, сите плодови кои луѓето најмногу ги користат во својата исхрана, се најток-сични.

Па затоа, не зачудува фактот, што и покрај брзиот и современ развој на медицината, сепак имаме толку многу хронични болести и појава на рак.

Тестирањето на поедини јагоди покажало дека тие биле испрскани со дури 17 различни видови пестициди, додека грозјето и пиперките биле прскани со 15 различни видови пестициди. Замислете колку се тоа ток-сини внесени во нашето тело.

Ако не сте во можност да јадете органска храна или самите да ја одгледувате, ви препорачуваме 4 начини на кои можете да ги миете овошјето и зеленчукот од пестицидите:

Миење со ладна вода

Истражувањата покажале дека 70 до 80% од пестицидите може да се измијат од овошјето и зеленчукот само со ладна вода. Важно е добро да го ист.риете овошјето и зеленчукот со рацете под млаз вода.

Исто така, мора да обратите внимание на пукнатините и нив добро да ги измиете (на пример, јаболкото околу дршката) затоа што таму обично се задржуваат пестицидите. За да се ослободите од пестицидите во овошјето и зеленчукот, миењето под млаз вода треба да трае најмалку 30 секунди.

Солен раствор

Растворете 2 лажици сол во 4 чаши топла вода. Потопете го овошјето или зеленчукот во овој раствор и оставете го да стои 30 до 60 минути. Потоа измијте го под млаз ладна вода. Ова решение може да ги оштети јагодите, па затоа не се препорачува за нив.

Раствор на оцет и вода

Направете раствор во однос 2:1 со вода и оцет во сад (две чаши вода, една чаша оцет). Потопете ги плодовите во овој раствор и оставете го да стои половина час до еден час. Потоа измијте ги под млаз ладна вода. Освен што ќе ги измиете од пестицидите, овошјето и зеленчукот ќе траат подолго после ова миење.

Домашен спреј

Истурете 1 чаша вода, 2 лажици оцет, 1 лажица сок од лимон во спрејот. Испрскајте го овошјето/зеленчукот, почекајте 1 минута, а потоа измијте го под млаз ладна вода. Ова правете го само ако брзате и немате време да го дезинфицирате овошјето во раствор од оцет или сол.

Истражувањата покажаа дека еден од подобрите начини да се отстранат пестицидите од овошјето и зеленчукот е да се отстрани кората (ако е можно). Кај салатите, пиперките и јаболката, мора да ги отсе.кувате тие делови околу стебленцата затоа што таму има најмногу пестициди и бактерии.

Shutterstock