Ако посакувате густа и сјајна коса, го имаме вистинскиот рецепт за тоа! Дали знаевте дека сокот од црвен кромид може многу да помогне во спречувањето на опаѓање на косата, да го спречи растот на седите влакна а истовремено да го забрза растот и да го подобри квалитетот на косата?
Брзината со која расте косата дефинитвно зависи од генетиката, но и од различни надворешни и внатрешни фактори. За да се овозможи нејзината маскимална брзина во растењето, можат да помогнет некои домашни препарати чии рецепти се пренесуваат од генерација на генерација.
Методот со црвен кромид за кој се говори дека е многу ефикасен, наводно го користеле и во Холивуд.
Во повеќе одвоени студии е докажано е дека црвениот кромид го спречува опаѓањето на косата во дури 87% од случаите. И самите ќе се изненадите со изгледот на вашата коса во рок од еден месец. Дерматолозите велат дека нема никакви штетни последици по кожата на главата или на влакната.
Во што се крие тајната на црвениот кромид?
-Богат е со сулфур кој го поттикнува производството на колаген- клучен за растот на косата.
Сокот од кромидот е исто така одличен и за циркулација, за намалување на воспаленија на кожата и делува антибактериски.
Овој сок од црвен кромид ќе ја направи вашата коса посилна, бидејќи ќе овозможи отворање на фоликулите и ќе ја спречи можната инфекција.
Оние што го примениле овој метод велат дека резултатите после еден месец се одлични!
РЕЦЕПТ ЗА РАСТ НА КОСАТА СО ЦРВЕН КРОМИД:
Исчистете и изрендајте два до четири главици црвен кромид, па исцедете го сокот (или измиксајте ги во блендер, па исцедете го низ газа или цедалка нивниот сок).
Во сокот додадете една лажица мед и помешајте.
Масирајте ја главата со овој сок и оставете да делува околу 15-30 минути. Мирисот е силен, но вреди за трудот. Можете дури маската да ја оставите и до еден час да делува, ако не се брзате.
После третманот, измијте ја косата вообичаено. Третманот е потребно да се применува два до трипати месечно.