Македонскиот колач е толку добар што додека го печете целата куќа ви мириса прекрасно, а за вкусот нема потреба да се коментира – пробајте го и уверете се сами…За мерење се користи шолја од 150 мл.

Потребни состојки:

5 шолји газирана вода
5 шолји брашно
3 шолји масло
3 шолји пченичен гриз
1 лажичка цимет
100 г сечкано суво грозје
100 г сечкани ореви
1 прашок за печиво

за сируп:

250 г шеќер
1 ванилин шеќер
250 мл вода
за наросување: 50 г сечкани ореви, по желба
1 шолја = 150 мл

Постапка:

Просејте 5 шолји брашно со една кесичка прашок за печиво и една лажичка цимет. Додајте три шолји гриз, 100 г крупно сечкано суво грозје и 100 г крупно сечкани ореви. Сето убаво измешајте го во подлабок сад.

Во средината од сувите состојки направете вдлабнатина па излејте 5 шолји газирана вода и три шолји масло. Сето убаво промешајте го за да се изедначи смесата.

Може да користите и миксер, а можете и едноставно со жица за матење. Рерната загрејте ја на 180 степени. Плехот со димензии 25х35 см обложете го со хартија за печење и излејте ја смесата.

Одозгора врз тестото можете да наросите и 50 г сечкани ореви. Печете 35-40 минути. Пробајте со чепкалка дали е печен колачот, извадете го плехот и оставете го колачот да излади.

Во меѓувреме направете го сирупот: сварете 250 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер и 250 мл вода околу 3-4 минути и со врел сируп прелијте го изладениот колач.

Колачот оставете го на собна температура додека да го впие целиот сируп.

Сечете на коцки, штангли, триаголници… а може и директно да се јаде од плех… за нестрпливите.

Можете да ставите и прелив со чоколадо и така колачот е уште повкусен! Во тој случај тестото не се наросува со сечкани ореви пред печењето.

Глазура се прави од 100 г темно чоколадо, 50 г путер, 1 лажица кисела павлака, 1 лажица масло – сето добро се соединува на тивок оган и се прелива преку колачот.

Одлично се сече, чоколадото не се двои од кората без разлика што претходно била прлиена со сируп.