Во последно време домаќинките често подготвуваат јадења со компир, без разлика дали се работи за благи или солени пити. Компирот е неутрална состојка која секое тесто го прави многу меко и воздушесто.

Оваа пита излегува како висока суфле палачинка и може да се јаде самостојно или да се комбинира со некое овошје, крем итн.. Иако во овој рецепт таа е слатка, питата може да се направи со неутрален вкус и многу убаво се комбинира со чаша јогурт.




Иако повеќето рецепти се подготвуваат од обични компири, следниот рецепт за висока „суфле“ пита се подготвува со сладок „батат“ компир. Овој рецепт е испробан илјадници пати во рацете на вредните домаќинки и сите го пофалиле. Ако го испробате рецептот со обичен компир за да добиете неутрален вкус, пишете ни впечатоци.. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г слатки компири (после готвење се мери грамажата), 2,5 големи лажици цврст јогурт (или кисела павлака со висока масленост), 3 јајца, 3 големи лажици шеќер, 1 лажица путер, малку сол. Посебната состојка која го прави овој десерт совршен, е токму слаткиот компир.




ПОСТАПКА: Измијте ги компирите и доколку имате повеќе време, оставете ги да отстојат малку во вода. Потоа сосе лушпата исечете ги на поголеми кругови. Вака подготвените компири се ставаат во едно тенџере, одозгора се преливаат со вода и се ставаат да се сварат кратко време, додека да омекнат (7-8 минути од моментот на зовривање).




По изминатото време, проверете ги компирите дали се омекнати со виљушка, па исцедете ги од водата и оставете малку да се оладат и отстранете ја лушпата околу нив (сварените компири полесно се излупат). Потоа испасирајте ги во пире.




Додајте 2,5 лажици цврст јогурт (или кисела павлака), измешајте, па наросете 1/2 лажичка сол или по вкус. Во посебни садови одвојте ги белките од жолчките, па жолчките постепено додавајте ги во смесата со компири и јогурт, додека целосно да се соединат.




Белките изматете ги со миксер, додека да станат пенасти, па постепено започнете да додавате 3 големи лажици шеќер. Кога шеќерот ќе се растопи во белките и снегот од белки ќе стане цврст, тогаш смесата е подготвена. Смесата од компири ставајте ја постепено во белките, поделете ја на третини и секоја третина прво вмешувајте ја во белките, па потоа додавајте ја следната.




Мешањето треба да биде со бавни движења за да добиете мазна и полугуста смеса. Земете еден помал и кружен, огноотпорен сад и добро премачкајте го со 1 лажица растопен путер, на дното и од страните. По желба, на дното дополнително може да ставите хартија за печење.




Излејте ја смесата одозгора и измазнете ја со шпатула. Покријте го садот со капак и ставете ја питата-колач во микробранова печка на 6 минути или во тавче со малку водичка. По печењето, питата-колач се остава малку да се олади, па потоа се превртува на чинија и се послужува. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.