За да се поврати сетилото за мирис после kopoна вирусот, потребно е да се обнови пристапот за воздух до нервните завршетоци кои се наоѓаат во носот.
“Мора да користите вазоконстриктивни лекови, капки, редовно да ја навлажнувате носната шуплина, а растворот со морска сол можете да ја приготвувате и сами. Обезбедете доволна влажност во просторијата во која престојувате”, рекол познатиот отириноларинголог во московскиот MedSwiss центар Abdulla Khodzaev.
Овој доктор укажал на потребата од консумирање на витамини од Б групата и мултивитамини за обновување на нервните клетки. Би требало да се јаде здрава храна, да се пие вода во доволни количини, а строго да се исклучат никотинот и алкохолот, заклучил.
Според рускиот отоларинголог Алексеј Кошељев лицата заразени со новиот вирус добиваат оток на носната слузокожа, па поради тоа се ограничува пристапот на рецепторите на горниот дел од носната слузокожа.
“Како третман треба да се спроведе “тоалет на носната шуплина” односно третман кој подразбира хигиена на носот со солени раствори. Втор метод е употреба на лекови кои се нарекуваат локални стероиди – хормони, а нивната задача е да се задржат во носната шуплина. Не се апсорбираат во крвотокот, не предизвикуваат зависност и главно се погодни за целогодишна употреба.
Го ублажуваат отокот и го подобруваат пристапот на рецепторите. Како контраиндикации се јавуваат суви носни шуплини и крвавење ако слузокожата почне да пука”, излавил Кошељев.
Тој исто така забележал дека коронавирусот може да биде токсичен за самите рецептори. Значи, продолжениот едем може да предизвика деградација на рецепторите и нервното ткиво.
Тој предупреди дека некои од неговите пациенти не можеле да го повратат сетилото за мирис дури шест месеци.
Кон средината на октомври експертите од британскиот национален институт за здравје ги набројале последиците од болеста, меѓу кои се повеќемесечни проблеми во мозкот, екстремна исцрпеност, губиток на вкус и мирис…