Откриена тајната состојка за највкусниот гулаш…Месото се топи во уста…Како се прави гулаш од јунешко…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1500 јунешко
6 главици црвен кромид
3 моркови
сув зачин, сол, црн пипер, вегета, црвен пипер
1 лажица доматно пире
100 мл масло
1 главица лук
1 китка магдонос
ПОСТАПКА:
1.Во 100 мл масло додајте ги зачините, па во оваа маринада сипете го месото исечено на коцки и убаво промешајте за да се обложи од сите страни. Покријте го и оставете гово фрижидер 3 часа или прееку цела ноќ.
2.Пропжете го кромидот на малку масло, па додајте го месото, промешајте и гответе 1 час на ниска температура, под капак.
3.После еден час додајте ситно сечкани моркови и продолжете со крчкање уште 30 минути. Потоа додајте неколку парчиња суво месо, кое на гулашот ќе му даде перфектен вкус.
4.Измешајте мелен/рендан лук со ситно сечкан магдонос. Во гулашот после 2 часа додајте лажица доматно пире и мешавината од лук и магдонос.
5.Сипете топла вода колку да се прекријат сите состојки. Поклопете и продолжете со готвење на ниска температура. По потреба долевајте по малку топла вода. После вкупно 2-3 часа готвење гулашот е готов. Постапката погледнете ја ОВДЕ.