Нема сомневање дека во кафето најмногу се ужива наутро. Кафето го разбиструва мозокот, го подига нивото на енергија, го забрзува метаболизмот, а кога се консумира умерено, го штити и срцето.
Сигурно сте слушнале дека оние кои одат во теретана или се занимаваат со друг вид физичка активност, а истовремено имаат вишок маснотии, пијат карнитин.
Карнитинот го забрзува метаболизмот и придонесува маснотиите од организмот да се претворат во енергија при вежбањето и на тој начин да се елиминираат од организмот.
Епа токму таков ефект, ако не и подобар, се постигнува и со кафето. Кофеинот од кафето е пандан на Карнитинот. Оваа состојба на организмот, при која ќе ги елиминирате маснотиите при вежбање, ќе ја постигнете доколку испиете филтер или друг вид кафе, половина час пред вежбање!
Но, ако не сте многу по физичката активност, тогаш запишете го рецептот кој ќе ви го понудиме, а кој покрај кафе, содржи уште неколку состојки:
Потребни состојки:
100 милилитри мед
100 милилитри кокосово масло
1 лажиче цимет
1 лажиче какао
Подготовка:
Измешајте ги добро сите состојки за да постигнете хомогена маса. Складирајте во фрижидер.
Како се користи:
Ставајте 1-2 лажички од смесата во вашето утринско кафе. Измешајте добро и уживајте во вашето кафе кое согорува масни наслаги.