Погледнете неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да ги скриете линиите од долната облека.

Видливата линија на долната облека може во целост да го уништи изгледот:

Подолу се дадени некои корисни совети кои ќе ви помогнат да ги сокриете линиите на долната облека.

ГАЌИЧКИ БЕЗ “ТЕШКИ РАБОВИ”

Потенката долна облека која нема видливи рабови ќе ви помогне со овој проблем и сигурно нема ништо да ви се познава.

ТАНГИ

Ако сте некој кој се чувствува удобно во нив, сигурно можат да ви  го спасат денот, затоа што на овој начин ништо нема да ви се познава.

БОКСЕРКИ

Боксерите го следат обликот на вашето тело и доаѓаат до бутовите, на овој начин ќе спречите било какво отцртување под панталоните. Покрај тоа, тие доаѓаат во различни бои, па можете да ги прилагодите со комбинацијата на облека.

КОРИСТЕТЕ ХУЛАХОПКИ

За да бидете сигурни дека ништо не ви се познава, едноставно земете потенки хулахопки, исечете им ги ногавиците (да останат како боксерки) и облечете ги преку гаќите. Тие ќе го следат обликот на вашето тело, и на тој начин ќе изгледате одлично во сите комбинации на облека.

МИДЕР

Ако воопшто не се чувствувате удобно во хулахопки, секогаш можете да го користите мидерот за да го обликувате телото и задникот.