Ви ги претставуваме најдобрите трикови за перење и пеглање што некогаш ќе ги слушнете, вклучително и како и да ја вратите бојата на избледената облека.

Како да не се изгужват чаршафите при сушењето и да изгледа како да е испеглан

Ставете неколку коцки мраз заедно со алиштата во машината за сушење и вклучете ја средната програма околу 15 минути. Мразот ќе се стопи и ќе се претвори во пареа што ќе ги неутрализира сите набори на облеката. Оваа техника испробајте ја и за другите алишта, не само за чаршафите.

Вратете го првобитниот облик на деформираниот шешир

Ставете вода да зоврие во тенџере, а потоа намалете ја температурата, ставете уште еден сад на пареа во тенџерето, ставете го во него шеширот и поклопете со капак. Пареата ќе го врати шеширот во првобитна форма.

Секако, проверете дали рабовите на шеширот случајно не паѓаат на плочата за готвење или во тенџерето со вода. Осигурајте се дека отворот на шапката одговара на дијаметарот на тенџерето со пареа.

Вратете ја бојата на избледените алишта

Додајте 150 г сол заедно со алиштата и исперете ги на вообичаен начин. Овој метод ја враќа бојата на избледената облека, но исто така спречува другите алишта да ја изгубат оригиналната боја.

Ова е сосем безбеден метод и можете да го користите при секоја пригода кога ги перете алиштата, но не користете груба морска сол. Покрај бојата, солта ќе се погрижи и за дамките, особено од пот, мувла или к-рв.

Исправете ја крагната од кошулата

Дури и кога е испеглана кошулата, крагната секогаш изгледа како да не е испеглана. Ова е местото каде што исправувачот за косата ви доаѓа напомош. Само внимавајте крагната да не ја држите под пресата подолго време, за да не ја запалите ткаенината.

Вратете ја оригиналната големина на собраната памучна облека

Памукот најлесно се враќа во првобитната големина, а сè што ви е потребно за тоа е бебешки шампон. Потопете ја собраната облека во млака вода и додајте 2 лажици бебешки шампон. Оставете да отстои половина час.

Наредете парче по парче облека едно врз друго на крпа, а потоа завиткајте ги во ролна. Потоа внимателно одмотајте ја облеката и оставете ја на рамна површина додека да се исуши. Овој начин би требало да ја врати облеката во првобитната големина.

Прочитајте ја и следната статија: Домот ќе ви свети како никогаш порано – 5 трикови за чистење со природни намирници

Производите за чистење што ги наоѓаме во продавниците се полни со разни хемикалии, а со тоа и претежно многу штетни за околината и нашето здравје. Сепак, домашните алтернативи што можете да ги добиете од лимон или оцет, можат да ги исчистат дури и највалканите делови во домот.

Познатата блогерка Рејчел Штраус открива како да направите домашен спреј за чистење кој ги чисти и најтврдокорните дамки. Убавината на спрејот, додава таа, е во тоа што можете да го користите врз 90% од работните површини за чистење.

„Со овој спреј можете да ги исчистите работните површини, трпезариската маса, мијалникот, керамичките плочки, бањата и ретровизорите“, посочува Штраус и додава: “Ако не ви се допаѓа мирисот на оцет, можете да додадете есенцијални масла. Јас додавам лимон или масло од лаванда.” Оцетот може да се користи и за отстранување на варовникот.

Маслиново масло за чистење на мебелот

Маслиновото масло се смета за неверојатна природна алтернатива за лакирање на мебелот. Натопете кое било маслиново масло на крпа, лесно пребришувајте го мебелот и оставете го да се исуши. Можете да додадете сок од лимон за свеж мирис.

Кастилски сапун

Многумина се колнат во овој нетоксичен и биоразградлив сапун. Можете да го користите како детергент за перење алишта, како сапун за миење на садови, сапун за раце, средство за чистење на подот или дури и шампон.

Ако сакате да го исчистите подот во домот, тогаш додајте една четвртина чаша оцет и кастилски сапун во кофа со топла вода. Ако го користите како детергент за миење садови, измешајте еднакви делови на рицинусово масло, кастилски сапун и флаширана вода.

Потоа пополнете го шишето со детергент како и обично. Прозорците можете да ги освежите со една лажица кастилски сапун со малку вода. Потоа исплакнете ги прозорците со влажна крпа, а на крајот пребришете со сува крпа.

Сода бикарбона

Сода бикарбона ќе ви помогне да ги исчистите сите површини во домот, од бањата до прозорците. Доколку ставите мала чинија сода бикарбона во фрижидер, ќе ги повлече непријатните мириси. Сода бикарбоната продира низ маснотиите така што лесно може да ги исчистите и најтврокорните дамки бидејчи делува како абразивно средство.

Комбинацијата од соба бикарбона и оцет, ќе ја светне вашата бања која ќе изгледа како нова. Посипете подебел слој сода бикарбона во рерна, додајте малку вода и оставете да отстои половина час. На овој начин ќе се исчистат сите дамки од рерната. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска