Секретот во дишните патишта бара лекување, бидејќи неговото задржување може да доведе до поголеми проблеми, вклучително бронхитис и воспаление на белите дробови.
Дали знаевте дека центарот за кашлање се наоѓа во продолжниот мозок а се активира како рефлексна функција при дразба од вируси или различни алергени, а кога станува збор за настинка или грип, речиси е неизбежна кашлицата.
Кашлицата всушност е одбранбен механизам кој ги чисти дишните патишта, така што го тера телото низ тој рефлекс да ја исфрли насобраната слуз и да ги исчисти дишните патишта. Иако може да биде многу напорна, кашлицата никако не смее да се спречува, односно да се потиснува, како што повеќето се обидуваат. Она што треба да го направите е да го забрзате созревањето на кашлицата за да одбегнете отежнато искашлување, кои многу го спречува процесот на излекувањето.
Ако имате чувство дека белите дробови или дишникот ви се полни со слуз и дека секретот ви стои во грло, но кога ќе се обидете да го искашлате не добивате ништо освен надразнето грло, тогаш говориме за отежнато искашлување. Станува збор не само за иритантна, пропратна појава на вирусот или настинката – секретот во дишните патишта бара лекување, бидејќи неговото задржување може да доведе до поголеми проблеми, вклучително бронхитис и пневмонија.
Што можете да направите?
-Пијте доста течности и топли напитоци
Редовниот внес на течности ја ублажува иритацијата на грло и болната дразба, а покрај тоа на телото ќе му обезбедите доволно вода и хидратација, која е неопходна за оздравување. Ако 8 чаши е дневната препорака за внес на течности, при настинки и други видови на нарушена здравствена состојба, оваа количина треба да се зголеми, и тоа со консумирање на топли супи и билни чаеви.
-Свеж воздух
Многу е важно редовно да ги проветрувате просториите, бидејќи во затворен простор, особено доколку живеете во дом со централно греење, воздухот е исушен и дополнително го иритира грлото и предизвикува кашлица. Ситуацијата е уште полоша доколку насобраниот секрет не можете да го исфрлите.
-Пронајдете одговарачки препарат за искашлување
Посетете лекар или консултирајте се со фармацевт за да одберете адекватен препарат за искашлување. Тој ќе ви помогне да созрее кашлицата и конечно да го исфрлите сиот секрет и повторно да дишете со полни бели дробови.