Ова е многу вкусен сируп од лимони кој се приготвува мез готвење и конзерванси. Се чува во фрижидер додека да се испие.

Потребни состојки:

800 г лимон
1600 г шеќер
40 г лимонтуси или 4 кесички
2 литри вода

Постапка:

Лимонот убаво измијте го, отсечете му ги краевите и некои нечисти делови од кората доколку има.

Потоа лимонот сомелете го (полесно се меме или бленда ако малку го ставите во замрзнувач, но не премногу).

Во подлабоко тенџере ставете го мелениот лимон, па додадете го шеќерот, лимонтусот и водата.

Измешајте добро и оставете да отстои 24 часа. Во текот на денот повремено промешајте за да се растопи шеќерот.

Следниот ден процедете го прво низ покрупна цедалка, а потоа низ поситна. На овој начин е многу поедноставно и побрзо, отколку кога веднаш ќе цедете со поститна цедалка.

Процедениот сируп складирајте го во шишиња и чувајте го во фрижидер додека да го потрошите.