Ајдучката трева е самоника билка која е распространета од низините до планинските предели и може да се најде на ливади, покрај патишта, запуштени места и шумски чистинки.
Цветовите и листовите од оваа билка имаат бројни лековити својства. Се сушат на провев и на температура од 35 до 50 степени. Сувата билка може да се чува до една година. Сите билки кои се наведени во рецептите можете да ги купите од Билна аптека или од проверен билкар.
КЛАСИЧЕН ЧАЈ ОД АЈДУЧКА ТРЕВА
2 лажички сув цвет и лист, 200 мл вода
Билката прелијте ја со врела вода и поклопете. После 10 минути процедете. Возрасните треба да пијат една шолја наутро и една шолја пред спиење, а децата по една мала шолја во текот на денот.
ЧАЈ ОД АЈДУЧКА ТРЕВА ПРОТИВ АСТМА
200 мл вода, 50 г ајдучка трева, 50 г лист од подбел, 50 г цвет од лаванда, 50 г лист од црн слез
Измешајте ги билките. Една лажичка од мешавината прелијте ја со врела вода, поклопете и оставете да излади. Се пие по 1-2 шолји дневно.
ЧАЈ ОД АЈДУЧКА ТРЕВА ПРОТИВ ХЕМОРОИДИ
200 мл вода, 4 лажици ајдучка трева, 2 лажици цвет од дивизма, 1 лажица лист од зимзелена
Измешајте ги билките. Една лажица од мешавината попарете ја со врела вода и поклопете. По 15 минути процедете, додадете мед и пијте трипати дневно пред оброк.
ЧАЈ ОД АЈДУЧКА ТРЕВА ЗА ЛЕКУВАЊЕ ЈАЈНИЦИ
200 мл вода, 1 лажичка ајдучка трева, 1 лажичка коприва, 1 лажичка невен
мешавината прелијте ја со врела вода и поклопете. После два часа процедете. Најмалку 3 седмици да се пие по три шолји дневно. Покрај тоа да се користат тампони со кантарионово масло.
ЧАЈ ОД АЈДУЧКА ТРЕВА ЗА ПЛОДНОСТ
200 мл вода, 1 лажичка ајдучка трева, 1 лажичка вркута
Билките прелијте ги со врела вода, поклопете и оставете да излади. Засладете со мед и пијте трипати дневно.
ЧАЈ ОД АЈДУЧКА ТРЕВА ПРОТИВ ОПСТИПАЦИЈА
500 мл вода, 20 г цвет од ајдучка трева, 20 г кора од крушина, 20 г плод од сена, 20 г камилица
Билките измешајте ги. Три лажици од мешавината прелијте ги со врела вода. Оставете поклопено цела ноќ. Следниот ден процедете и испијте го чајот (или наутро или навечер).
ЧАЈ ОД АЈДУЧКА ТРЕВА ПРОТИВ ГАСТРИТИС
100 мл вода, 20 г лист и цвет од ајдучка трева, 20 г подубица, 20 г ива трева, 20 г мајчина душичка, 20 г камилица
Билките измешајте ги. Една лажица од мешавината прелијте ја со врела вода. Оставете поклопено половина час, а потоа процедете и пијте трипати дневно половина час пред јадење.
ЧАЈ ОД АЈДУЧКА ТРЕВА ПРОТИВ КАМЕН ВО БУБРЕГ
Потребни состојки: 500 мл вода, 20 г лист од ајдучка трева, 20 г бреза, 20 г мечкино грозје, 1 грст пченкарна свила, 1 грст петелки од вишни
Постапка: Три лажици од мешавината прелијте со врела вода. Оставете цела ноќ да отстои. Следниот ден процедете и пијте наместо вода.
ЛИКЕР ОД АЈДУЧКА ТРЕВА
Осум гранчиња со цветови прелијте со половина литар ракија. Оставете затворена на светло, не премногу сончево место. После седум дена, во половина литар вода сварете седум лажици шеќер или мед, а добиениот сируп кога ќе излади помешајте го со процедената ракија во која стоеше билката.