Една жена од Филаделфија собрала 110.000 долари за бездомник кој и помогнал кога била во невоља. Имено, Кејт Меклур останала без гориво во тек на возење, па така морала да застане на меѓудржавниот пат во Филаделфија.
Часот бил некаде околу полноќ и не знаела што да прави и кого да повика напомош. А со себе не носела пари…
Тогаш се појавил бездомникот Џони Бобит помладиот и кога видел дека жената е во неволја и рекол да ја заклучи колата и да не излегува од неа.
Тој самиот отишол до бензиската пумпа која била одалечена неколку блокови и со последните 20 долари во џебот и купил кантичка бензин.
Бидејќи таа тогаш немала пари за да му се заблагодари за стореното добро дело, на повеќе наврати се враќала на патот за да му однесе облека, храна и нешто пари.
После неколку средби, одлучила да започне иницијатива за хуманитарно собирање на парични средства за Бобит, за да може тој еден ден да се тргне од улица.
Парите почнале да пристигаат на сметката, а целта била да се соберат околу 10.000 долари. Меѓутоа, собрале многу повеќе, поточно околу 110.000 долари.
“Бев наивна мислејќи дека колата ќе издржи толкав пат со веќе запалена сијаличка. Никогаш претходно не ми се случило такво нешто. Тогаш го видов Џони…тој секој ден седи покрај патот. Не ми побара ниту цент, само сакаше безбедно да стигнам дома.
Подоцна му ги вратив парите за горивото, му дадов јакна, ракавици, капа, чорапи, ама мислев што да направам уште нешто за да му помогнам.
Ве молам, помогнете му на овој човек, бидејќи ни доаѓа ладно време. Навистина мислам дека тој тоа го заслужува”, рекла Кејт.
Откако тамошните граѓани слушнале за него, се јавиле неколку негови бивши колеги од Итната помош каде порано работел, како и многу пријатели кои биле изненадени и рекле дека човекот одеднаш како да исчезнал и не го виделе веќе 18 месеци.
Го памтат како човек со многу добро срце кој никому не би можел да му наштети. Па дури, памтат дека постојано зборувал како сакал да работи ноќни смени во болниците за да може да биде меѓу првите кои ќе им помогне на несреќните…
Погледнете го видеото: