Се’ повеќе луѓе се жалат на болки во желудникот поради надразнета и оштетена слузокожа, најчесто поради неправилна исхрана, консумација на медикаменти и стресен начин на живеење.
Ако често имате болки во желудник, тоа можете да го решите на природен начин и тоа со еден вкусен намаз:
Потребни состојки:
200 г омекнат путер
1 лажичка ајдучка трева
1 лажичка кантарионово масло (правено од свежа билка со маслиново масло, одлежано под сенка – ако е домашно, а доколку е купечко – кантарионово масло за орална употреба)
1 голема лажица цвет од невен
Постапка:
Сите суви состојки освен путерот и кантарионовото масло, ставете ги во блендер и изблендајте ги во ситен прав. Потоа добиениот прав помешајте го со омекнатиот путер и додадете го кантарионовото масло.
Јадете по едно лажиче (или повеќе, по потреба), половина час пред оброк.
Овој путер е совршен лек за болен желудник бидејќи билките се одлични природни аналгетици со смирувачки ефект. Путерот создава заштитен слој околу желудникот и така ги спречува болките.