Ни пристига летото а со него и нашите грижи околу вишокот килограми, кои не само што претставуваат естетски проблем, туку и го загрозуваат здравјето.

Имено, дебелината се поврзува како ризок фактор за голем број современи болести како што се дијабетесот, високиот крвен притисок, кардиоваскуларните болести и др.

Постои голем избор на лековити напитоци за кои претходно сме пишувале, но овојпат ќе се задржиме на својствата од анансот.

Ова тропско овошје може да помогне во детоксификација на вашиот организам, да ослабете и да ги намалите масните наслаги на стомакот.

Ананасот е богат со влакна и Ц витамин, како и бромелаин кој има својство да го забрзува метаболизмот и да поттикнува разградба на мастите. Во продолжение на текстот дознајте како да го искористите и направите топ напитокот за ова лето.

Потребни состојки:

1 шолја (од 200 мл) исечкан свеж ананас
½ лимон – сок
1 лажичка мелен цимет
1 лажичка мелен ѓумбир
2 шолји вода

Постапка:

Ананасот излупете го, исечкајте го плодот и ставете го во блендер. Додадете свежо исцеден сок од лимон, по една лажичка цимет и ѓумбир во прав, па долејте вода. Сите состојки заедно измиксајте ги во блендерот додека да добиете изедначена смеса.

Употреба: Половина од добиената смеса се пие пред појадок, а втората половина се пие пред ручек.

Кората од ананасот не ја фрлајте. Од него пригответе напиток кој ќе го пиете во текот на целиот ден. Кората на ова овошје е богата со антиоксиданти, па го намалува ризикот од појава на рак, го штити срцето и крвните садови.

Потребни состојки:

1 ананас – кора *
2 литри вода

постапка:

*Количината прилагодете ја според количината на кората која ќе ја искоритете за тој ден. Ако сте искористиле половина ананас за приготвување на напитокот, тогаш со половина од кората пригответе 1 литар чај.

Пред да го исечете ананасот, добро измијте го со ладна вода и оставете го половина час во тенџере полно со ладна вода, каде претходно сте раствориле една лажица сода бикарбона.

Потоа убаво измијте го уште еднаш под силен млаз ладна вода и исечете го како што тоа вообичаено го правите.

Но, овојпат кората не фрлајте ја. Плодот најдобро е да го изедете сиров, бидејќи на тој начин ќе ги сочувате корисните ензими, а кората исечкајте ја на поситни парчиња (не мора многу ситно).

Ставете ја во тенџере во вода и гответе околу половина час на тивок оган (откако ќе проврие, намалете). Оставете да излади, па процедете. Доколку ви се чини дека чајот е премногу силен, тогаш разблажете го со уште вода.

Складирајте го и чувајте го во термос или во фрижидер. Се пие преку целиот ден, како сок, наместо вода.

По желба, можете да го засладите со мед и да додадете сок од еден – два лимони, неколку листови нане или некои други здрави состојки по ваш вкус.