Има многу жени кои иако се во зрела возраст, сепак живеат сами. Децата тргнале по својот пат, имаат свои семејства, а тие или ги загубиле мажите или се развеле.
Некои жени не можат да ја прифатат својата осаменост и се борат со неа, додека други уживаат во својата „осаменост“. Што можат да очекуваат осамените жени во староста. Пауло Коелјо има три цитати кои објаснуваат многу.
„Осаменоста започнува кога ќе се изгубите себеси.“ Не секогаш е лесно да се објасни осаменоста. Осамена личност може да биде личност која сама тргнува на патување за да запознае други култури и други луѓе. Иако оваа личност е сама, таа не е осамена.
И покрај тоа што нема драги луѓе покрај себе, таа ја чувствува нивната љубов и не само нивната, туку љубовта на луѓето што ги среќава на патувањата. Осамена личност може да биде и личност која има деца и сопруг покрај себе, но сепак се чувствува осамено без разлика на нивното присуство во нејзиниот живот.
Осамените жени се чувствуваат како никој да не сака да им го посвети своето време и како никој да не сака да ги сослуша. Ако се чувствувате така, треба да научите да се слушате себеси. Човек е осамен само кога не се слуша себеси, не знае што сака и што бара од својот живот.
Многу жени дури на зрела возраст согледуваат дека не се познаваат себеси, не знаат што сакаат и што точно бараат. Ако сакате да ја пронајдете својата слобода, мора да бидете во можност да се слушнете себеси. Колку побрзо го направите тоа, толку посреќни ќе бидете.
„Ако не најдете сила да бидете среќни со себе – секогаш ќе бидете осамени и зависни.“ Ако не сте поврзани со себе, ќе почнат да ве прогонуваат стотици проблеми. Запознавањето на сопствената личност без туѓа помош не е лесна задача и не секој се осмелува да тргне по тој пат.
Што може да очекува жена која не се осмелува да се спознае себеси? Таквата жена ќе се бара себеси во другите и ќе ги обвинува другите за својот живот. Исто така, многу е важно жената да најде маж покрај кој ќе цвета, а не некој врз кого ќе ја префрли одговорноста за својата среќа.
„Човек кој се чувствува добро со себе е заштитен од грешки.“ Жената мора да биде способна да се справи со својата осаменост и да преземе контрола над својот живот.
Не смееме да дозволиме нашата визија да биде заматена и да избереме погрешни партнери, погрешни пријатели или да ги притискаме нашите деца да ни посветуваат повеќе внимание. Жената која се чувствува добро во својата осаменост е жена која се запознала себеси и која конечно сфатила дека нејзината среќа зависи само од неа.
Таквата жена нема да избере погрешни партнери и нема да се опкружува со лажни пријатели. Таквата жена нема да очекува нејзините деца да ја усреќат, туку таа самата ќе се усреќи.
Кога жената е задоволна со себе, таа добива неверојатна сила да ја препознае таа личност во себе. Таа не бара од другите да ја спасат. Таа е способна да се спаси себеси. Таа не се плаши од осаменост, ниту ќе се плаши од осаменост во староста.