Рибите се многу вкусни и здрави, особено оние заловените од чисти води. Меѓутоа, честопати се случува проблем при јадењето, бидејќи рибите имаат многу ситни и тенки коски кои може да бидат остри како игла.

Дали вам некогаш ви се случило да ви застане коска додека сте јаделе риба? Тоа често се случува, бидејќи тенките коскички се транспаренти и тешко се забележуваат. Затоа кога се јаде риба треба многу да се внимава.

Меѓутоа, додколку сепак дојде до ваков проблем, секако посетет лекар, бидејќи состојбата може да биде многу опасна. Ова се некои методи кои ќе ви пмогнат доколку не можете веднаш да стасате до лекар:

КАШЛАЊЕ

Кашлицата е инстиктивна реакција и може да ви помогне. Со провоцирано кашлање е можно да се исфрли целата коска.

МАСЛИНОВО МАСЛО

Една лажица маслиново масло може да ви помогне, но доколку станува збор за помала коска. Маслото ќе ја обложи слузокожата и коската може полесно да излизга.

БАНАНА

Ставете малку банана во уста додека да стане влажна, а потоа голтнете ја. Заедно со својата мека структура ќе ја повлече и коската.

ПОБАРАЈТЕ МЕДИЦИНСКА ПОМОШ

Доколку за многу кратко време не успеете да се ослободите од коската, мора да побарате медицинска помош. Иако можеби целата ситуација ви се чини безопасна, сепак, може да дојде до гушење, спазми и непредвидени реакции на телото, па затоа мора да се побара соодветна помош и што поскоро да се отстрани коската од грлото.