Охридска торта…Богата домашна торта со ореви и јајца, совршена за слави и веселби…

Охридската торта се прави за свечени настани кога сакаме да направиме десерт за паметење…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Состојки за една кора (вкупно 3):
5 јајца
4 лажици ореви
4 лажици гријаж (карамел од шеќер со ореви)
1 лажица брашно
1 лажица какао
1 прашок за печиво

Сируп за натопување на корите:
400 мл вода
200 г шеќер

Фил:
10 жолчки
200 г шеќер
3 кесички ванилин шеќер
500 г путер
500 г мелени ореви

Гријаж:
130 г шеќер
120 г ореви

Карамела крем:
400 г шеќер
200 мл вода
150 мл течна павлака (за шлаг)

Останатите белки може да се изматат со шеќер и да се користат како шлаг за декорација (рецепт можете да прочитате ОВДЕ).

ПОСТАПКА:

Најпрво направете го гријажот така што ќе го стопите шеќерот за да изгледа како карамел, а потоа додајте ги оревите. Сè намачкајте на хартија за печење и оставете да се излади. Кога ќе се излади, скршете го и сомелете го.

Направете ја кората така што пенасто ќе изматите 5 јајца, ќе додадете ореви, гријаж, брашно и какао и прашок за печиво. Сѐ заедно измешајте и испечете 3 такви кори.

Откако ќе се испече, секоја кора убаво натопете ја со сирупот.

Филот се прави така што пенасто се матат 10 жолчки со шеќер и ванилин шеќер, а потоа се матат на пареа. Во изладените жолчки се додаваат путерот и оревите и сѐ се мати во мазна смеса.

Направете ја карамелата така што ќе го стопите шеќерот, ќе додадете топла вода и изматите за да сае растопи, па ќе ја додадете слатката павлака и сè убаво ќе соединете. Добиениот карамел сипете го во филот и сè измешајте.

Потоа филувајте ги корите и тортата декорирајте ја по желба. Целата постапка погледнете ја ОВДЕ: