Д-р Књазкин – Црниот кромид прави чуда! Во продолжение следува рецепт на д-р Игор Књазкин, познат лекар од Санкт Петербург, изнесена во програмата за здравје на Првата програма на pucката телевизија.
Изнесениот совет е само информативен и не заменува лекарски преглед и лек. Се користи во случај на намалена функција на тироидната жлезда (хипотироидизам).
Навечер, пред спиење, земете главица кромид и исечете ја на две половини, за да истече од нив сокот. Тироидната жлезда се состои од два лобуси, лев и десен, кои се поврзани со истмус (латинско име: isthmus).
Со лесни, кружни движења, масирајте го вратот во пределот на тироидната жлезда со овие половини кромид – прво едната половина за едниот лобус на тироидната жлезда, а потоа другата половина за другата страна.
Потоа, без да го исплакнете вратот, легнете в кревет, за овој сок да делува преку ноќ. Ова е едноставен начин да се стимулира функцијата на тироидната, според овој лекар.
Совет на д-р Торсунов – Пејте!
Докторот Олег Торсунов ги советува сите кои имаат проблем со тироидната жлезда, а особено пациентите со намалена функција функција на тироидната жлезда, да му помогнат на својот заболен орган со – пеење.
Тој вели дека тироидната жлезда и воопшто, целиот ендокрин систем се тесно поврзани со човечките емоции, особено со емоцијата на љубовта. Тироидната жлезда боли кај луѓето кои силно доживуваат сè што им се случува, кои на лошите постапки на другите реагираат со чувство на длабока повреденост и огорченост.
Негативните емоции остануваат како замрзнати во телото, се собираат во тироидната жлезда и таа почнува да се разболува.
Емоциите мора да бидат мобилни. Ослободете се од насобраните негативни емоции – со пеење. Звукот многу лесно ги вади од телото. Доктор Торсунов вели: „Пеј. Пеењето ќе ги олабави емоционалните ограничувања во тироидната жлезда. Јазлите на тироидната жлезда сами ќе исчезнат.
Пејте весели песни, без разлика какви проблеми имате и во какво расположение сте. Пејте со радост и љубов. Постојано пејте, играјте, радувајте се со другите, правете ги другите среќни и ќе оздравите!“, вели овој лекар.
Третман на тироидна жлезда со исцелителен текст на академик Ситин
Георги Ситин е исто така, познат pycки научник, автор на ефективни исцелителни текстови за самопрограмирање на заздравувањето на организмот.
Неговата техника СОЕВС е обработена во околу 50 обемни научни трудови, со околу 20.000 исцелителни текстови. Одбранил докторски дисертации од областа на медицината, психологијата, педагогијата и филозофијата.
За време на Втората cветска вoјна бил многу тешко pанет, лекарите тврделе дека е целосно инвалидизиpан и дека нема cпас. Потоа почнал да работи на создавање исцелителни текстови, со кои бил целосно излечен.
Понатаму, илјадници луѓе се излечени со помош на неговите исцелителни текстови. Тоа е техника заснована на способноста на човекот со зборови да му помогне на својот болен организам.
Исцелителните текстови ги ангажираат нашите чувства, ја зајакнуваат моќта на мислата, ја мобилизираат нашата волја, создаваат висока концентрација на волја и ја насочуваат нашата волја да го усвоиме текстот и на тој начин да си помогнеме.
Текст за обновување на тироидната жлезда (за религиозни)
„Бог влева нов, млад, енергичен, весел и радосен живот во мојата тироидна жлезда. Нов, млад, радосен живот ми ја исполни тироидната жлезда. Новиот, млад живот раѓа нова, млада, од Бога дадена здрава структура на тироидна жлезда.
Бог излева во мојата тироида свето, Божествено исцелување, кое раѓа од Бога, божествено здрава структура на мојата тироида.
Целата моја тироидна жлезда е преродена, млада, создадена од Бога, со божествено здрава конституција. И мојот имунолошки систем со огромна, Божествена енергија ги раствора сите јазли во мојата тироидна жлезда. Сите јазли во тироидата ми се намалуваат, исчезнуваат, исчезнуваат засекогаш без траг.
Сите структури на мојата тироидна жлезда Божествено ја регенерираат младата, здрава структура создадена од Бога. Тироидната жлезда ми оживува, физички се зајакнува, цвета.
Мојата тироидна жлезда ги извршува сите свои многу функции во мојот организам божествено правилно и енергично. Како молња, чувствувам дека сум апсолутно здрав, потполно здрав, идеално здрав, весел, убав, полн со здравје и сила“.
Се вели дека е најдобро ако го прочитате овој исцелителен текст на академик Ситин – да го снимите читањето и потоа да го слушате многу пати во текот на денот, додека се движите или работите низ куќата, или на улица или во јавен превоз…
Додека го слушате текстот и си го повторувате, замислувајќи го она што го слушате, вие се програмирате себеси за исцелување. За да може организмот да го усвои текстот, потребни се 500-1000 слушања.
Кога вашиот организам целосно ќе ги прифати текстот и зборовите на академик Ситин, тие во секој момент стануваат составен дел од вашите мисли, тие мисли ќе ги елиминираат нарушувањата во вашиот организам и ќе ви го вратат здравјето.
Тест за јод според Малахов
Овој тест, според Малахов, е корисен за сите, но особено за луѓето со проблеми со тироидната жлезда.
Навечер, пред спиење, земете повидон јод, кој може да се купи во аптека. Натопете стапче за чистење уши во јод и нацртајте три линии со јод на раката на левата рака: тенка, средна и дебела. Почекајте линиите да се исушат на вашата кожа и легнете да спиете.
Погледнете ја вашата рака наутро. Ако исчезнала само најтенката линија, тоа значи дека сè е во ред со вашиот јод. Организмот преку кожата внесол онолку јод колку што му било потребно.
Доколку покрај најтенката исчезне и линијата со средна дебелина, тоа значи дека немате доволно јод во организмот и дека треба да внимавате на вашето здравје.
Ако сите три линии исчезнале, тоа значи дека имате голем недостаток на јод во телото и дека тироидната жлезда е особено загрозена.
Овој метод е сосема безопасен бидејќи телото преку кожата зема само онолку јод колку што му е потребно. Ова го советувал господинот Малахов во своите емисии на pycката телевизија.
НАПОМЕНА: ТЕКСТОТ Е ИНФОРМАТИВЕН И НЕ ЗАМЕНУВА ЛЕКАРСКИ ПРЕГЛЕД, СОВЕТ ИЛИ ЛЕК. Доколку имате некакви проблеми со штитната жлезда направете ги сите лабораториски прегледи и советувајте се со вашиот лекар за лекувањето.