Кога некому ќе му се дијагностицира предијабетес, тоа значи дека постои високо ниво на шеќер на крвта, повисоко од нормалните граници, но се’ уште тоа не е на дијабетично ниво.

Не сте свесни а можеби имате ПРЕДИЈАБЕТЕС! Направете го овој домашен тест со прсти!
Ќе ви презентираме многу лесен и едноставен тест кој може да се направи дома. Тестот ќе ви помогне да дознаете дали сте под ризик да заболите од дијабетес.

Ова е од особено значење ако се земе во предвид фактот дека милиони луѓе во светот страдаат од дијабетес.

Пред да ви го откриеме тестот со прстите, информирајте се за оваа сериозна болест.

Од дијабетес е заболен речиси секој десетти Американец. Во 2012 година, повеќе од 29 милиони Американци имале дијабетес. Околу 245 милијарди долари се трошат за дијагностицирање на оваа болест, секоја година.

Она што е шокантно, е фактот што речиси 86 милиони Американци имаат ризик да заболат, односно се погодени од предијабетес. Состојбата може да се дијагностицира преку тест со крвта.

Што е предијабетес?

Кога некому ќе му се дијагностицира предијабетес, тоа значи дека постои високо ниво на шеќер на крвта, повисоко од нормалните граници, но се’ уште тоа не е на дијабетично ниво.

Името предијабетес доаѓа од фактот дека многу луѓе со ваква состојба се на пат да станат дијабетичари.

Што треба да направите за да не дозволите предијабетесот да се претвори во дијабетес?

Доколку ви е дијагностициран предијабетес, значи дека состојбата е алармантна, но тоа не значи дека сигурно ќе премине во дијабетес. Можете да го повратите вашето здравје со силна волја и измени во исхраната, како и на целокупниот стил на живеење.

Ова е можност да промените некои животни навики со кои ќе го намалите прогресирањето на дијабетесот, па дури и ќе ја спречите неговата појава.

МНОГУ Е ВАЖНА ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ

Потрудете се да бидете поактивни. Постојано вметнувајте нови вежби во вашата дневна рутина. Користете ги скалите почесто од лифтот и правете вежби за истегнување додека гледате телевизија.

Физичката активност е основен дел во планот за третман во периодот на предијабетес бидејќи така ќе го намалите нивото на гликоза во крвта и мастите во телото. Најдете 30 минути во денот и вежбајте комбинирани кардио вежби, 3-5 дена во неделата.

Намалете ја вашата телесна тежина

Во една студија се вели дека луѓето кои се дијагностицирани со предијабетес и прават вежби во времетраење од 30 минути во текот на денот губат 5% до 7% од својата телесна тежина (или 4 – 6 килограми) , а со тоа ги намалуваат шансите да заболат од дијабетес за 58%.

Хранете се здраво

-Јадете овошје и зеленчук, а особено спанаќ, брокула, моркови и боранија
-Јадете храна богата со диетални влакна
-Секогаш избирајте храна од цело зрно (интегрална) наместо преработена. Јадете интегрален ориз, наместо бел.

Исто така, избегнувајте висококалорична храна. Консумирајте млеко, сирење и кашкавал со ниска масленост и избегнувајте тешки и калорични преливи во салатите.

Чипсовите и десертите заменете ги со интегрални закуски филувани со малку путер од кикирики или нискомасно сирење.

Спијте доволно

Доколку не спиете доволно, го отежнувате процесот на губење килограми. Исто така, доколку не сте доволно наспани, вашето тело нема да може ефикасно да го искористи инсулинот, а оваасостојба го зголемува ризикот од појава на дијабетес тип 2.

Потрудете се да се придржувате до овие правила. Правилниот избор, менувањето на животните навики и целосното посветување на вашето здравје на крајот можат да ја играат клучната улога во спречувањето на дијабетесот.

Постојат и некои симптоми кои би можеле да укажуваат дека треба да бидете внимателни:

-зголемено мокрење
-зголемена жед
-необјаснето губење на тежината
-замор
-заматен вид
-зголемен глад
-рани кои тешко се лекуваат.

Како да се дијагностицира дијабетес и предијабетесот?

Преку тест на крвта се испитува нивото на гликоза и може да се одреди постоење на дијабетес.

Ако нивоата се над одредена состојба (100 милиграми на децилитар), ќе се дијагностицира како предијабетична. Ако постои превисоко ниво на гликоза во крвта (126 милиграми на децилитар или погоре) ќе се дијагностицира како дијабетична.

ИСТРУКЦИИ ЗА АЛТЕРНАТИВНА ДИЈАГНОЗА НА ПРЕДИЈАБЕТЕС

Стиснете ги дланките во тупаница.
Подигнете еден прст ако сте маж, а ниеден ако сте жена.
Подигнете 3 прсти ако сте на возраст над 60, 2 ако сте на над 50 и 1 прст ако имате повеќе од 40 години. Ниту еден прст ако имате помалку од 40.
Подигнете 1 прст ако сметате дека не сте доволно физички активни, а ниту еден ако водите редовен активен живот.
Подигнете 1 прст, ако некој во вашето семејство има дијабетес, а ниту еден ако тоа не е случај.
Подигнете еден прст ако имате висок крвен притисок, а ниту еден ако имате нормален.
Подигнете 3 прсти ако имате сериозно прекумерна тежина (ако сте многу дебели), 2 прсти ако имате прекумерна тежина, 1 прст ако само малку ја надминувате нормалната килажа, и ниеден ако имате здрава телесна тежина.

РЕЗУЛТАТ:

Ако на крајот од тестот имате подигнати 5 или повеќе прсти, тогаш постои шанса да имате предијабетес. Доколку ги имате и претходно наведените симптоми, итно појдете на лекар и направете ги сите потребни лабораториски тестирања.

Иако тестот со прстите не e 100% точен, повеќето експерти сметаат дека тоа е добар начин за проценка на ризикот од дијабетес.