Денес ќе дознаете како сами да си направите природен сируп од смокви кој претставува природен лек за кашлица, б олно грло и опстипација. Иако денес можат да се најдат многу син-тетички лекови кои ги третираат ваквите проблеми, сепак, голем број луѓе сакаат да се лекуваат на природен начин.




Смоквите се омилено овошје со кое се сладиме некаде пред крајот на летото и во свежа форма ги има релативно краток период. Но, затоа нивните благодети можеме да ги користиме преку целата година, во вид на суви смокви.




Мал број домаќинства чуваат и имаат смокви во својот дом, затоа што не ги знаат сите бенефити кои произлегуваат од ова овошје. Без разлика дали се свежи или суви, смоквите изобилуваат со бројни нутриенти како калиум, диетални влакна, а особено манган.




Освен што е многу вкусно, ова овошје има особено благопријатни својства за човековиот организам, како за мажите, така и за жените, за сите возрасти подеднакво. Бидејќи изобилуваат со диетални влакна, делуваат како четка во дебелото црево и помагаат во случаи на констипација.




Покрај тоа, овие влакна даваат чувство на ситост долго време, па доколку ги јадете како ужина, долго време нема да бидете г ладни. Доволно е да јадете по две смокви дневно. Она што е важно да запамтите, е дека после јадењето свежи смокви не треба да пиете вода.




Меѓу другото, смоквите помагаат во намалувањето на холестеролот, особено нивните листови. Чајот подготвен од смоквини листови е многу лековит кога станува збор за регулирање на нивото на холестеролот и триглицеридите. Притоа, доаѓа до намалување на „лошиот“, а зголемување на „добриот“ холестерол.




РЕЦЕПТ: 250 г суви смокви, 250 г мед, 500 мл вода. ПОСТАПКА: Смоквите исечкајте ги ситно, па ставете ги во едно тенџере заедно со водата. Гответе ги еден час на тивок оган со повремено или често мешање. Смесата не смее да врие, туку да се одржува топло.




По потреба додавајте вода во зависност од тоа колку испарила. Конзистентноста на смесата треба да биде како на редок џем. По изминатото време оставете ја смесата малку да подизлади, па кога ќе биде млака додајте го медот и убаво промешајте за да се изедначат состојките.




Добиената смеса складирајте ја во стаклена тегла и чувајте на ладно и темно место. УПОТРЕБА: во случај на кашлица, настинка или б олка во грлото, се употребува по една супена лажица три-четирипати во текот на денот.




За констипација се земаат три или повеќе супени лажици наутро, на гладно, како една д оза. За сите оние кои не смеат да го користат медот поради алергија, сирупот можат да го приготват со шеќер на следниот начин:




Во едно тенџере ставете една чаша сечкани смокви, една чаша шеќер и две чаши вода. Гответе додека да добиете густ сируп, слично како што е опишано погоре во рецептот. За оние кои не користат ниту шеќер, сирупот можат да го приготват само од смокви и вода, но овој сируп има помал рок на траење и не се препорачува да се приготвува во поголеми количини.