Кога надвор врне дожд, најдобро би било да не излегуваме и да си останеме во топлиот дом, меѓутоа, ако тоа не е опција и сепак мора да излеземе по дождот, тогаш треба добро да се подготвиме за да не се натопиме.
Чадорот е првото нешто по кое посегнуваме кога мора да излеземе на дожд, а некои од нас се поподготвени, па се заштитуваат со дождовни мантили и гумени чизми. Меѓутоа, не секој дома има гумени чизми…
За среќа, секогаш има досетливи луѓе кои своите генијални идеи и досетки ги објавуваат јавно, а од кои сите имаат корист. Па така, неодамна беше објавено видео (кое можете да го погледнете подолу на линкот) со одлично решение за овој проблем.
Секогаш кога надвор врне дожд и мора да излезете, а гумените чизми не ви одговараат со облеката која ја носите, а чевлите кои сте ги облекле не се водоотпорни, секогаш можете да посегнете по овој јутјуберски-трик.
Она што ви е потребно за да ги претворите вашите чевли во водоотпорни обувки – е пчелин восок и фен. Ако немате пчелин восок, тогаш може да употребите и обична свеќа со транспарентна безбојна, бидејќи ако користите обоена – тогаш бојата ќе ви остане на обувките.
Процесот е прилично едноставен. Земете восок или свеќа и истријте ги чевлите преку целата површина, особено ѓонот. Ова направете го многу внимателно и темелно.
Кога ќе завршите со нанесувањето на восокот, тогаш употребете го фенот. Потребно е да го растопите восокот за да навлезе убаво во секоја пора и рамнимерно да се разлее.
Кога ќе бидете сигурни дека сте ја завршиле работата, односно дека сиот восок се растопил, тогаш оставете ги чевлите неколку минути да се оладат и да се исушат.
Кога сè е завршено, вашите обувки се подоготвени за дождот, а можете и да проверите дали се водоотпорни. Истурете малку вода врз нив, а таа треба да се слева и да не се впива во материјалот.
Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Ако и вие имате некој проверен метод за заштита на чевлите од дожд и влага, споделете го во коментар.